Нови 121 случаи на Ковид-19, оздравени 142 и тројца починати


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа од направени 1410 тестирања се регистрирани 121 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-33, Охрид-11, Крива Паланка-девет, Куманово-осум, Штип, Тетово, Струга и Битола по шест, Кочани-пет, Кавадарци и Гостивар- по четири, Велес, Гевгелија, Струмица и Делчево по три, Свети Николе и Прилеп по два, Радовиш, Крушево, Македонски Брод, Берово, Валандово, Виница и Кичево по еден случај.

Институтот за јавно здравје, како што соопшти Министерството за здравство, денеска регистрира 142 оздравени пациент од: Скопје-50, Куманово-32, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-4, Струга-4, Велес-2, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-2, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-2.

Починати се три лица, двајца пациенти од Прилеп на 63 и 83 години и еден пациент од Струга на 60 годишна возраст. Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.414,  бројката на оздравени пациенти е 12.896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.881. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.210, активни 571

• Куманово 1562, активни 206

• Дебар 264, активни 31

• Штип 1197, активни 89

• Прилеп 534, активни 129

• Тетово 1266, активни 107

• Струга 610, активни 61

• Велес 284, активни 22

• Битола 237, активни 46

• Охрид 388, активни 62

• Кавадарци 195, активни 28

• Гостивар 829, активни 95

• Гевгелија 80, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 86, активни 31

• Крива Паланка 71, активни 27

• Радовиш 49, активни 8

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 174, активни 43

• Пробиштип 91, активни 16

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 81, активни 13

• Пехчево 38, активни 26

• Берово 70, активни 34

• Валандово 11, активни 3

• Виница 85, активни 26

• Делчево 115, активни 82 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 23, активни 4

• Свети Николе 304, активни 26

• Кичево 287, активни 39

• Ресен 147, активни 0

• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1410 теста се преку: ИЈЗ-310, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-212,  Биотек-248, МАНУ -177, Жан Митрев (Филип Втори)-140, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-6, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 161.590 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четири пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка е 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и две мајки позитивни на ковид-19, две деца и две мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 129, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 51

• Гази Баба – 71

• Аеродром – 94

• Карпош – 68

• Центар – 61

• Кисела Вода – 54

• Ѓорче Петров – 33

• Бутел – 43

• Шуто Оризари – 20

• Студеничани – 16

• Сарај – 16

• Арачиново – 9

• Илинден – 12

• Сопиште – 4

• Чучер Сандево – 1

• Петровец – 4

• Зелениково – 1

• Странец – 4

• Нераспределен-9.