Чаир, Гази Баба, Сарај, Бутел и Аеродром со најмногу активни случаи на Ковид-19


Чаир со 413 случаи на заразени од корона вирус, предводи во скопските општини. Следуваат Гази Баба, Сарај, Бутел и Аеродорм, но и Центар, Карпош и Кисела Виде се општини кои имаат над 100 заболени. Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини […]

Починаа уште осум пациенти, нови 136 заболени од Ковид-19


Осум починати, нови 136 случаи и 43 оздравени пациенти е најновиот биланс од тестирањата во послендите 24 часа. Во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на Ковид-19. – Скопје 80 – Куманово 6 – Штип 1 – Прилеп 3 – Тетово 24 – Струга 1 – Велес 3 […]

Мисајловски настапува како жртва на политичко насилство, но ќе води кампања со „исправена кичма“


Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 2 ја почна кампањата преставувајќи се како жртва на политичко насилство, но  решен и покрај тоа да води позитивна кампања. Според него, како на последните локални избори, така и сега непосредно пред кампањата за овие избори, нему и на […]

Најден човекот што истури шут кај ПМФ – му следува казна


  Екипи на Инспекторат на Град Скопје навремено спречија непрописно одлагање на кабаст отпад и создавање дива депонија во близина на комплексот на Природно математички факултет во Гази Баба. Сторителот е најден преку сигурносни камери на комплексот и ќе биде соодветно казнет, соопштија од Град Скопје. Имено, вчера преку социјалните мрежи се проширија фотографии и […]

МЗ демантира дека Комисијата за заразни болести била против отворање на границите


Министерството за здравство преку соопштение целосно ги демантира и смета дека се невистинити објавените написи во врска со тоа дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите. На состанокот на 22 јуни Комисијата за заразни болести донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки […]

Почнува да се гради паркот „Бојмија“ во населбата Острово


Населбата Аеродром наскоро ќе се збогати со уште еден нов парк. Во населбата Острово почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики. Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5 500 м2. Во рамките на […]

Богојески: Ќе бараме доказ за потекло на имотите


Обештетување на граѓаните, одговарање на политичарите за неисполнети предизборни ветувања, следење на имотната состојба и барање доказ за потекло на имот, младите да бидат дел од системот без партиска припадност, враќање на квалитетен образовен систем е само дел од понудата на „Македонски концепт“ на овие избори.Почеток на кампањата беше означен пред просториите на канцеларијата на […]

Дрисла доби нов еколошки стерилизатор за медицински отпад


ЈП депонија Дрисла-Скопје набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен […]

И новинарските организации со листа на барања до партиите


Со забелешката дека со години се забележуваат примери  на непринципиелен однос на политичарите кон медиумите и новинарите, ЗНМ, ССНМ и СЕМ упатија јавно писмо до политичките партии прашувајќи ги сега пред изборите  „Што е за вас новинарството“, наведувајќи листа на нерешени прашања од кои зависи односнот на секоја власт кон слободата на медиумите. Во соопштениетот […]

Антикорупциска ќе ги следи трансакциските сметки на партиите


Од Државната комисија за спречување на корупција ги потсетуваат политичките партии на одредбите од Изборниот Законик, кои предвидуваат одредени ограничувања во текот на изборната кампања. -По повод започнувањето на изборната кампања за избор на пратеници во Собранието,  Државната комисија за спречување на корупцијата сака повторно да им укаже на министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, […]

СДСМ ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „Фејк њуз партија“


Лажни вести, деструкција, политикантство, лажен патриотизам и лажна загриженост за здравјето на граѓаните нуди фејк њуз партијата ВМРО-ДПМНЕ на овие избори. Нивната „Обнова“ е обнова на режим под палка на бегалецот Никола Груевски. ВМРО ДПМНЕ отворено се залага да ги врати мрачните времиња кога парите на народот завршуваа во нивните џебови, кога тие се богатеа […]

Бугарија во фокусот на црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ


Денес стартуваше и агресивната црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во која главна на удар се најде политиката на СДСМ кон Бугарија  и „предавството на Гоце Делчев“. Играјќи повторно на картата на патриотизам, во видеото објавено денес „Македонија не заборава“, се пласираат изјавите на Захариева и Каракачанов за македонскиот и бугарскиот јазик како еден ист и за […]

Обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со Ковид-19


Обезбедени се 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со Ковид-19. Од нив, 16 се преку постапка плазмафереза и 15 единици преку стандардно дарување на крв, информираа од Институтот за трансфузиона медицина. – Во оваа установа е изготвен и протокол за дарување на плазма. Сакам да изразам искрена благодарност кон хуманите дарители кои […]

Јанушев: Кампањата нема да биде демократска, но нашата победа ќе биде со двоцифрена разлика


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, не очекува  фер, транспарентна и демократска кампања, иако таа само што почна. -Не го очекуваме тоа затоа што СДСМ и Зоран Заев се нервозни, бидејќи знаат дека губат. Токму таа нервоза пред кампањата ја направи нефер и недемократска. Нема друга земја во Европа каде власта ја започнува кампањата со […]

ЈО формира привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности​


Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет „Кривични дела против изборите и гласањето“ од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите, соопшти денеска Јавното обвинителство. – Настаните […]

Бројот на нови случаи со Ковид-19 и натаму висок, Скопје со најмногу активни случаи


За 24 часа во земјава регистрирани се 118 нови случаи со вирусот КОВИД-19. Најмногу нови случаи има во Скопје – 55, Тетово – 20, Охрид и Куманово по девет случаи, Ресен – пет, Прилеп – четири, Струга, Велес и Струмица по два случаи… Во ГОБ „8 Септември“ починаа четири лица од Скопје – пациент (58 […]

Сончево со умерена облачност, попладне краткотраен дожд


Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 23 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево со умерена облачност […]

Откриен изворот на загадување во реката Брегалница


 Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски  објави на социјалните мрежи дека е откриен сторителот на еколошкиот инцидент во реката Брегалница, што се случи попладнево. Тој вели дека заедно со претставници на риболовното друштво „Брегалница“ и загрижени граѓани бил на терен и го пронашле изворот на загадувањето во реката Брегалница, како што вели во еден од […]

СДСМ со мала трибина ја почнува кампањата од Струмица


Утре започнува победничкиот караван на Коалицијата „Можеме“, без масовни митинзи и посети на домови, со здравствено безбедни настани, а првата мала, здравствено безбедна трибина ќе се одржи утре во Струмица на која ќе учествуваат носителите на изборната единица 4, претседателот на СДСМ Зоран Заев и Соња Мираковска. Утре, започнува победничкиот караван на Коалицијата „Можеме“ најголемата, […]