Седуммина починаа од Ковид-19, досега 700 жртви на заразата


Фото: Б. Грданоски
Во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на Ковид-19 во:
-Скопје 10
-Куманово 4
-Штип 1
-Прилеп 1
-Тетово 5
-Гостивар 4
-Крива Паланка 1
-Радовиш 1
-Кочани 9
-Пробиштип 1
-Берово 5
-Делчево 1
-Кичево 2
Починати се седум лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од:
-Скопје 24
-Куманово 8
-Дебар 4
-Штип 1
-Прилеп 6
-Тетово 2
-Струга 1
-Битола 1
-Кавадарци 3
-Гостивар 7
-Гевгелија 5
-Крива Паланка 7
-Радовиш 2
-Кочани 2
-Пробиштип 1
-Пехчево 7
-Виница 4
-Свети Николе 1
Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.780, бројката на оздравени пациенти е 13.949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.131.