Заев за Денот на Републиката: Илинден е победа за сите кои движат напред


Денеска 2 Август – Денот на Републиката, оддаваме почит кон нашето херојско минато, нагласува претседателот на СДСМ Зоран Заев во честитката упатена до сите граѓани на Република Северна Македонија по повод големиот државен празник. Нашите славни претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, подвлекува Заев, ги поведоа граѓание кон слобода, независност и единство […]

Ваучерите за туризам се продаваат на интернет


Туристичките ваучери во вредност од 6.000 денари, што ги делеше државата, се продаваат на интернет за половина цена. Nа специјализираните интернет-страници за продажба се нудат за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.Наместо да одат на одмор, граѓани им ги нудат своите ваучери на хотелиери […]

Физичко обезбедување на црквата Света Софија во Охрид


Просторот околу катедралната црква Света Софија во Охрид доби физичко обезбедување. По реакциите во јавноста за недолично однесување на младите во вечерните часови во предворјето на храмот Дебарско-кичевската епархија ангажираше служба која ќе се грижи за просторот околу црквата и нејзина заштита како културното наследство од непроценлива вредност за православието во целиот свет. Токму тој […]

Пендаровски со честитка за Илинден: Ова е време кога мораме да се сплотиме


Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија. – Денес, кога одбележуваме 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, се сеќаваме на сите знајни и незнајни херои, комити и партизани кои ги дадоа […]

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири


Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19 кои ги утврди Комисијата за заразни болести и ги усвои Владата. […]

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените


Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се 138 нови случаи на Ковид-19 или околу 8,5 отсто, од нив најмногуи се во Скопје – 47 новозаболени. По градови следат Куманово-17, Штип-16, Дебар-10, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, […]

Сончево и топло со мала облачност, температурата до 36 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а дневната од 26 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде […]

Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е!


Со објава на Твитер, министерот за здравство Венко Филипче реагираше на загрижувачките информации дека на одморалиштата низ Македонија не се почитуваат мерките за заштита од ширењето на инфекција со вирусот ковид-19. „Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето […]

Спасовски: Холокаустот врз Ромите е еден од најголемите порази на човештвото, не смее да остане заборавен


Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен  како што го нарекуват заборавениот холокауст, Наша политичка и морална должност е да ја сочуваме вистината за холокаустот  и неговите  жртви, Евреи, Роми, Словени и сите други  народи никогаш да не бидат заборавени. Да ја сочуваме вистината за холокаустот и неговите жртви, истакна претседателот на Владата Оливер […]

Бугарско МНР: Потпишувањето на Договорот со Македонија е еден од најважните настани во регионот


Пред три години, Република Бугарија и Република Северна Македонија отворија нова страница во нивните односи. Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на 1 август 2017 година ќе остане едно од најважните настани во современоста на нашиот регион, стои во соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи по повод 3 години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и […]

Две години условна казна за поранешен бугарски министер


Специјалниот кривичен суд во Бугарија денеска го прогласи поранешниот министер за економија и енергетика Румен Овчаров за виновен и го осуди на две години затвор, условно три години. Овчаров, кој беше дел од Кабинетот на премиерот Сергеј Станишев од 2005 до 2007 година, го лошо раководел со рудникот за јаглен „Бобов Дол“, бидејќи не ги искористил […]

Од утре постабилно време со температура до 36 степени


Од утре не очекува постабилен и не особено топол период со дневни температури кои на југоистокот ќе достигнуваат до 36 степени. Повторно нестабилно ќе биде кон средината на работната неделата. Како што информира УХМР, времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер најизразен долж Повардарието. Минималната […]

Во Дебар 10 новозаразени со Ковид-19 и еден починат


Во последното деноноќие во Дебар потврдени се 10 новозаразени со Ковид-19, а едно лице ја загубило битката со опасниот вирус. Со денеска потврдените позитивни случаи, вкупната бројка на заразени, од појавата на пандемијата досега, изнесува 205, од нив во списокот на оздравени се впишани 83, починаа седум, останатите се активни на болеста, од нив десеттина […]

Урвич и Синичане се договорија за водоснабдувањето


Мештаните од Урвич остварија средба со градоначалникот на општина Боговиње на која се согласија Синичане да користи вода од извор во нивниот атар. Воедно на состанокот, што е резултат на средбата на сите страни вчера во Владата, е договорено во иднина да се работи на одредени инфраструктурни проблеми во Урвич. – На состанок дојдовме до […]

Чаир, Аеродром и Кисела Вода со речиси идентични бројки на активни случаи


Скопските општини Чаир со 168, Аеродром со 161 и Кисела Вода со 158 речиси имаат идентични бројки на активни случаи . Карпош и Центар се изедначија и имаат по 128 активни случаи од Ковид-19. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) […]

Нови 138 случаи на Ковид-19, седум лица починаа, оздравени 144


Во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19, починати се седум лица, а оздавени 144 лица. Како што соопшти Министерството за здравство, од новите случаи во Скопје се регистрирани 47, Куманово-17, Дебар-10, Штип-16, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-10, Крива Паланка-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски […]

Изминатата седмица во Охрид и Дебар по 16, во Струга 48 потврдени случаи на Ковид-19


Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 25 до 31 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај 16 лица од Охрид, 48 лица од Струга и исто 16 лица од Дебар. Изминатата седмица од вкупно […]

Брнз: Новата Влада да се формира во предвидените рокови


Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз во интервју за весникот „Коха“ порача новата влада да се формира во предвидените рокови, со цел да се продолжи борбата против здравствената криза со Ковид-19. Таа исто така вели дека САД ќе соработуваат со сите политички парти во земјата за да се продолжи евроатланскиот пат на Северна Македонија. […]

Јанчев до Мицунски: Со лузери не се оди напред


По пораката од Тимчо Муцунски дека ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво за тој да го презема кога ќе посака, градоначалникот Митко Јанчев му одговори преку преку Фејсбук дека е точно тоа, но и во партија како и во компанија не се оди напред со лузери. -Се согласувам дека ВМРО -ДПМНЕ не е АД, и уште […]

Сопругата на претседателот советува: Избегнувајте маски со вентил


Избегнувајте маски со вентил. Низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки коишто го содржат вирусот! Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас од Ковид-19, напиша на својот ФБ профил сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска. Носете медицински маски, посочува таа, ако имате: Ковид-19, се грижите за […]