(Во живо) Изјава Филипче – НАТО нѝ испрати 60 респиратори
Во Скопје денеска пристигнаа 60 респиратори, донација од НАТО за справување со последиците од пандемијата на Ковид-19.
Донацијата од НАТО Доверителниот фонд, вредна 1,4 милиони евра, на Меѓународниот аеродром Скопје, ја примија министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.
Предвидено е министрите Шекеринска, Османи и Филипче да дадат изјава за медиумите по приемот на донацијата, соопшти Министерството за одбрана.