Втор меѓународен натпревар за квалитет на мед „Tetovo honey awards 2020“


Фото: Б. Грданоски

Здруженијата „Градот на пчелите“ и „Полошки мед“, во соработка со Факултетот за прехранбена технологија и исхрана пти Универзитетот во Тетово, го организираат Вториот меѓународен натпревар за квалитет на мед „Tetovo honey awards 2020“.

– Задоволни сме што годинава на овој натпревар учествуваа околу 350 мостри на мед од 17 земји: Македонија, Албанија, Косово, Србија, Грција, Турција, Бугарија, Романија, Унгарија, Австрија, Босна, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Италија и оваа година за прв пат пристигнаа примероци од Америка и Австралија, истакнаа организаторите.

Според бројот на учесници, овој натпреват е еден од најголемите во Европа.

Постителите на настанот, што ќе се одржи во просториите на Факултетот за технологија на храна, ќе можат да ја видат постапката на проценка на медот од страна на органолептичката комисија, составена од меѓународни универзитетски професори и истакнати пчелари.

Настанот ќе го посетат и заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски и заменик директорот на Агенцијата за рурален развој, Ремзи Абдулахи.