Во Прилеп 64 нови случаи на корона вирус


Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во Oпштина Прилеп има 64 нови случаи на корона вирус, а 17 лица оздравеле од заразната болест.

Од последици на корона вирусот, починаа две лица на 73 и 78-годишна возраст.

Бројот на активни случаи изнесува 434, од кои 380 се наоѓаат на домашно, а 54 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 724 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1.291. Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 57 лица.