Близу 700 пациенти се лекуваат во болница од Ковид-19


Во болница од Ковид-19 се лекуваат дури 678 пациенти, најмногу досега.

Така, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се шест позитивни и шест суспектни деца на Ковид-19 и 18 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 11 приеми, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респиратор се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 67, а во болницата во Штип се 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 315 позитивни и сомнителни на Ковид-19.