За два дена 70 пациенти со Ковид-19 повеќе во болница


Ако само пред два дена во болница се лекуваа 357 пациенти, денеска во болница се  426 пациенти. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 47, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се […]

Општина Центар со најмногу активни случаи од Ковид-19, дури 171


Од денешните 225 нови случаи со корона вирус, 120 се во Скопје, а по број на активни случаи предничи скопската општина Центар, со дури 171 заболен од Ковид-19. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети и со можност да има измена во дистрибуцијата): Чаир – 61, Гази Баба – 114, Аеродром […]

До крајот на денот повремени врнежи, и утре претежно облачно


Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен ветер од југозападен правец. Како што информира УХМР, утре се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од […]

Скопје со најмногу заразени: Вирусот најмногу се шири во Аеродром, Карпош и Центар


Скопје се уште е на врвот на листата по бројот на активни преносители на Ковид 19. Од почетокот на епидемијата во општина Чаир беше забележан голем број на заразени лица со коронавирус. Бројот на активни случаи летните месеци достигна над 400. Но, со почитувањето на мерките, полека овој број се намали. Изминативе два месеца бројот […]

(Во живо) Димитров и Гир го презентираат Извештајот на ЕК за Македонија


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, ќе одржат заедничка прес-конференција на која што ќе се презентира Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2020 година, како и пакетот за проширување

Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Нефрологија позитивни на Ковид-19


Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Универзитетската клиника за нефрологија се позитивни на Ковид-19. Трите случаи не се од ист оддел на Клиниката, информираа за МИА од Министерството за здравство. Медицинската сестра, како што се посочува, е со лесни симптоми, а медицинскиот техничар е без симптоми на фебрилност и кашлица. Еден доктор е во […]

СДСМ очекува сите пратеници да го поддржат законот за спречување дискриминација


Владејачката СДСМ ги повика сите пратеници да го поддржат Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, изјави денеска пратеничката Снежана Калеска-Ванчева. Според неа, ова законско решение ќе обезбеди ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација. Новиот закон, велат од СДСМ, е целосно усогласен со правото на ЕУ […]

Заразени 225 лица, починаа осуммина


И денеска бројката на нови инфекции е над двесте. Во последните 24 часа се направени 1.841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на Ковид-19 соопшти Министерството за здравство. Бројот на новите инфекции во Скопје намина сто. Според градови ситуацијата со новите инфекции е ваква. -Скопје 120 -Куманово 10 -Штип 8 -Прилеп 15 -Тетово 17 […]

Вархеи ќе бара истрага како излегле деталји од извештаите


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денес во Европскиот парламент најави дека ќе бара истрага како делови од извештаите за Западен Балкан излегле во јавноста, нешто за што рече дека „не е импресиониран“. Презентирајќи ги извештаите  пред ЕП, тој оцени дека стратегиски интерес на ЕУ е овие земји да влезат во членство, и притоа наброја три […]

„Империја“ во завршна фаза, за „Актор“ ќе бидат обвинети десетина политичари и бизнисмени


Судска разрешница за случаите за перење пари очекува првиот човек на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов. Во изминатиот период Управата доставила голем број кривични пријави до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција по кои веќе се постапува. Еден од случаите на кои работела управата е „Империја“ во кој првоосомничен е бизнисменот Орце […]

За уште шест месеци продолжени зајакнатите мерки за заштита од илегална миграција


Собранието попладнево, во рамки на 15-та седницата, со 85 гласа „за“, без против и двајца воздржани ја донесе Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на […]

Спасовски: Остануваме посветени на имплементација на договoрите за бегалци и за миграција


Ние сме активен партнер на Обединетите нации, другите меѓународни организации и Европската Унија. Дадовме силна поддршка и заложби за Глобалниот пакт за бегалци и Глобалниот договор за миграција и остануваме посветени на понатамошното нивно имплементирање и унапредување. Ова го посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното онлајн обраќање на 71-та сесија на Извршниот […]

Онлајн средба на Пендаровски со Асоцијацијата на поранешни членови на ЕП


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари виртуелна средба со делегација на  Асоцијацијата на поранешни членови на Европскиот парламент, на која биле разменети мислења и информации околу евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија и напредокот во клучните реформски области, како и за актуелните случувања во ЕУ од аспект на пандемијата на Ковид-19. Делегацијата е составена од 15 […]

Ишкртани таблите на личностите од „хеленското наследство“ на мостот „Око“ во Скопје


Кусо време се гледаше на таблите под неколку скулптури на мостот „Око“ во Скопје дека тие личности се дел од хеленското наследствона оваа територија. Пердика I, Архелај I, Аминта III… добија табли дека тие се дел од античката хеленска историја, но тие денеска осамнаа ичкртани со спреј и напишано „МК“. Македонските власти овие табли ги […]

Нови улици се градат во Битола, но во центарот уште има крпеници


Во моментов во изградба се две од најголемите улици во градот – „Илинденска“ и „Партизанска“   БИТОЛА – Улици запоставени со децении се обновуваат во Општина Битола. Стариот асфалт и старата подземна инфраструктура се заменуваат со нови. Улици на кои досега само се крпеа дупките и улици на кои граѓаните газеа кал добиваат нов асфалт, […]

Османи на видеоконференциска средба со група поранешни европратеници


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари видео-конференциска средба со група поранешни европарламантарци, членови на Здружението на поранешни европратеници чиј ангажман во промовирањето на европските стандарди и вредности, е препознаен и високо вреднуван, како и нивната силна поддршка на европската перспектива на земјата Како што соопшти МНР, Османи им се заблагодари на учесниците за големиот интерес […]

Јапонија даде грант од 813.000 за здравствените институции


Амбасадорката на Јапонија, Н.Е. Кеико Ханеда, како претставник на Владата на Јапонија и Вицепремиерот Н.Е. Никола Димитров, како претставник на Владата на Северна Македонија, потпишаа и разменија ноти за грант помош од 100 милиони јени (еквивалент на 813.000 евра) за итна помош на здравствените институции кои се справуваат со КОВИД-19. Амбасадорката Ханеда, Н.Е. Димитров и […]

(Видео) Инсталација „Парк на книгата“ отворена во Ново Лисиче


Во Ново Лисиче денеска беше отворена просторната едукативна инсталација наречена Паркот на книгата која е наменета за најмладите. На пуштањето во употреба присуствуваа градоначалникот  Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. – Станува збор за едукативна инсталација која има за цел кај децата уште во најрана возраст, на еден забавен начин, низ […]

ЕУ подготви и „зелена агенда“ за Западен Балкан


МИА дојде до документот на Европската комисија „Зелена агенда за Западниот Балкан“, кој го придружува Економскиот и инвестициски план (ЕИП) за регионот, што треба да биде објавен денеска. Овој внатрешен работен документ ги издвојува главните теми поврзани за животната средина на кои регионот ќе треба да се фокусира во наредните години, и за кои ќе […]

Јапонија даде помош за здравствените институции во Македонија


Амбасадорката на Јапонија, ,Кеико Ханеда  и вицепремиерот Никола Димитров  потпишаа и разменија ноти за грант помош од 100 милиони јени (еквивалент на 813.000 евра) за итна помош на здравствените институции кои се справуваат со КОВИД-19. Амбасадорката Ханеда,  Димитров и  министерот Венко Филипче ја потенцираа важноста на овој грант за време на пандемијата и долготрајното силно […]