Делови од Студеничани, Чучер-Сандево и Чаир без струја


Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја од 9 до 15 часот ќе останат дел од корисниците од улицата Франце Прешерн во општина Карпош, а од 9 до 12 часот корисниците од селото Маркова Сушица во општина Студеничани.

Според најавите од ЕВН, без струја од 9 до 14 часот ќе бидат селата Танушевци, Малино и Брест во општина Чучер-Сандево, а од 9 до 12 часот корисниците од ул.Кара Трифун, ул.Пандо Кљашев, ул.Малина Попиванова, дел од ул.Караџица, дел од ул.Милан Мијалковиќ и ул.Пржино во општина Чаир.