Комисијата за заразни болести во петок ќе ја разгледува состојбата во Прилеп и барањето за воведување карантин

Во врска со барањето на прилепскиот градоначалник за воведување карантин во тој град, портпаролот на Владата, Душко Арсовски денеска рече дека во Прилеп ситуацијата е алармантна и во петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем.

– Би требало оттаму да произлезат следните чекори, начините, мерките и што ќе се преземе во Прилеп за да се намали процентот на заразени со Ковид-19, додаде Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.