Облачно со дожд утре, а задутре опаѓање на температурата


Времето утре ќе биде претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено попладне и во вечерните часови. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а дневната од 17 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. И в четврток ќе има локален дожд, претежно во западните делови, а ќе дува засилен […]

ЕК го подготви извештајот, слаби точки јавната администрација и владеењето со декрети


Европската Комисија попладнево ќе ги објави редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција, како и долгоочекуваниот Економски и инвестициски план за регионот. Во извештајот за Македонија  е нотиран напредок во мнозинството области, но и делови каде е потребен дополнителен напор, како што се медиумите и законодавството за спречување на дискриминација. […]

Еврокомисијата ќе го објави Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан вреден 9 милијарди евра


Покрај редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од регионот, Европската Комисија денеска ќе го обелодени и долгоочекуваниот Економски и инвестициски план (ЕИП) за Западниот Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел. МИА имаше увид во овој План кој треба попладнево да биде официјално усвоен од страна на Колеџот на еврокомесари. Планот, кој се најавува […]

Психо-социјална поддршка за деца, млади и родители на телефонскиот број 072/912-676 


Во време на пандемија, психо-социјалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. Во таа насока Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители.  Телефонскиот број 072/912-676 е достапен секој […]

Невладините бараат итно донесување на законот за антикорупција


 Итно донесување закон за спречување и заштита од дискриминација, со транспарентна постапка за избор на членови на Комисијата, со цел граѓаните да добијат квалитетна законска рамка и реформиран систем за ефикасна и ефективна заштита и превенција од дискриминација, побараа учесниците на денешната конференција „Сите, сега: одговорноста на институциите за обединување против дискриминација“ организирана од Мрежата […]

ЈСП Скопје пушти повеќе автобуси во сообраќај


Ве информираме дека од денеска, вторник (6.10.2020 год) на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред. Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, […]

Доктор Александар Трајановски нов директор на ТОАРИЛУЦ


Министерството за здравство соопшти дека за нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен д-р Александар Трајановски. Доктор Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година. Дипломира во 2006 година на Медицинскиот Факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и […]

Почина Илче кого родителите го запоставуваа


Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишниот Илче, штитеник на Специјалниот завод Демир Капија. Илче, кој имаше ретка дијагноза, долго време живеел без родителска грижа во Охрид, а според изјава на директорката на Центарот за […]

Околу 80 отсто од учениците успешно следат онлајн настава


Од почетокот на учебната година, бројот на учениците коишто следат онлајн настава е зголемен за околу 10 отсто, информираат од Министерството за образование и наука. -За неполна недела околу 80 проценти од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучија кон онлајн наставата, а овој процент од стартот на годината постојано се зголемува. Останатите, ученици и наставници во основно и средно образование, […]

Листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија пред САД


По затворањето на границите на речиси сите земји во светот поради пандемијата од корона вирус, сепак годинава не изостана листата на најмоќни пасош, па Обединетите нации ги рангираат пасошите на 193 земји члеки. Листата се заснова на тоа колку на земјата со пасош ѝ е одобрен безвизен пристап или виза добивате по влез во земјата. […]

Од утре започнува аплицирањето за зелена карта за САД за 2022


Од утре до 10 ноември ќе трае пријавувањето на лотаријата за зелена карта за 2022 година за Соединетите Американски Држави. Пријавувањето е преку официјалната веб страна dvprogram.state.gov, на која има целосни инструкции, кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани преку програмата почнувајќи од 8 мај 2021 година. Од Амбасадата на САД во Северна Македонија […]

Владата ќе одлучува за патувања во регионов без ПЦР-тест


Владата денеска на седница треба да ги разгледува препораките од Комисијата за заразни болести и да донесе одлука за патувања во земјите од регионот, Србија, Црна Гора и Косово, без ПЦР-тестовите. Како што информира Министерството за здравство, Комисијата предлог одлуката за отворање на границите со посочените земји без ПЦР тестирање, ја донесе вчера на седница, […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. […]

Малцинствата во Албанија незадоволни од новиот Изборен законик


Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски,  на денешната пленарна седница, во име на малцинствата изнесе, како што рече, незадоволство и разочарување од фактот што власта не го слушна нивниот глас при донесувањето на новиот Изборен законик, во кој бараа загарантирана застапеност во законодавниот дом. -Го пренесувам, огромното разочарување […]

Напредокот на работата на Комитетот за историски и образовни прашања со Грција претставен пред Заев


Премиерот Зоран Заев денеска ги прими членовите на македонскиот дел на Интердисциплинарниот комитет за историски, археолошки и образовни прашања формиран од нашата земја и од Република Грција согласно со Договорот од Преспа. Каско што соопшти владината прес-служба, членовите на Интердисциплинарниот комитет, со кој претседава амбасадорот Виктор Габер, и во кој членуваат д-р Ана Чупеска, професор […]

Градоначалникот на Бутел позитивен на корона вирусот


Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски, објави дека е позитивен на Ковид-19. Почувствувал мали симптоми, по што решил да направи тест. „И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање за ковид-19 и истиот е позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите […]

Ќе се врши реконструкција на хеликоптерската несреќа кај Струмица


По пауза од повеќе од седум месеци денеска во Основниот суд во Струмица продолжи судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица, која се случи на 10 јули 2014 година и во која загинаа четворица пилоти на МВР. Судскиот совет одлучи да се изврши реконструкција на несреќата, а терминот дополнително ќе биде утврден. -Реконструкцијата ќе се изврши […]

Владата утре ќе одлучува за зголемување на овластувањата на инспекторите


Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска и директорите на инспекциските служби денеска одржаа состанок во врска со спроведените инспекциски контроли во текот на изминатиот викенд, како и предлозите за зголемување […]

Законот за спречување и заштита од дискриминација влезе во собраниска процедура


Собраниската Комисија за европски прашања денеска во прво читање го разгледа и даде поддршка за Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, со кој треба да се обезбеди принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи, а во Собранието влезе со европско знаменце. Со законот се забранува […]

Николовски на состанок со инспекциските служби


Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска и директорите на инспекциските служби денеска одржаа состанок во врска со спроведените инспекциски контроли во текот на изминатиот викенд, како и предлозите за зголемување […]