Во Грција нема патување до 31 август


Грција-Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји е продолжена до 31 август 2020 година, согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи, објавена во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Претходната, идентична одлука е во сила до 14 август, а новата претставува …

Во Грција нема патување до 31 август Read More »

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада


На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е мандатар и дека во тек се разговори за парламентарно мнозинство, а Мицкоски пак вели дека го известил Ахмети дека токму ВМРО-ДПМНЕ е победник во македонскиот блок. …

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада Read More »

Во очекување на конечната одлука, различни ставови како да почне наставата 


Како ќе се одвива наставата од 1 септември, според најавите, требаше да биде познато на 10 август, но во изминатите два дена и на помалку од три недели до почетокот на 2020/2021 нема одлука и не се соопштуваат протоколите што ги утврдуваат Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството за образование и наука. …

Во очекување на конечната одлука, различни ставови како да почне наставата  Read More »

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали да се воведе PCR тест за патниците кои транзитираат низ државава


Комисијата за заразни болести на денешниот состанок, како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, ќе ја разгледува можноста за воведување PCR тест за граѓаните од соседните земји кои транзитираат низ државава. Во врска со тоа каква е процедурата за лица кои транзитираат низ државава тој истакна дека во моментов секој може да транзитира, …

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали да се воведе PCR тест за патниците кои транзитираат низ државава Read More »

Кордалов : На тема образование не смее да има импровизации и изговори


Образовните институции имаа доволно време да дејствуваат и да преземат конкретни мерки и чекори кои барем малку ќе влеваат доверба кај родителите. Шест месеци се период во кој Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието можеа и требаше по неколку пати да ги обиколат училишните објекти во секое населено место и …

Кордалов : На тема образование не смее да има импровизации и изговори Read More »

Бројот на новозаболени од Ковид-19 уште над 100, да се почитуваат мерките за заштита


Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 оздравен пациент. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.083, бројот на оздравени пациенти е 8.248, на починати е 529, а …

Бројот на новозаболени од Ковид-19 уште над 100, да се почитуваат мерките за заштита Read More »

Сончево со мала облачност, попладне дожд


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, а максималната од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе …

Сончево со мала облачност, попладне дожд Read More »

Сите патници на летот Скопје – Турку во карантин


Сите патници кои вечерва со авион на Визер од Скопје притигнаа во финскиот град Турку се ставени во карантин и ќе бидат тестирани за Ковид-19. Риита Лиукса, директор на Одделот за цивилна заштита на Турку, изјави дека патниците кои живеат во Финска ќе одат во домашен карантин, а за другите карантин обезбедуваат локалните власти. Сè …

Сите патници на летот Скопје – Турку во карантин Read More »

(Галерија) Последното селфи со Универзална сала?


Граѓанската иницијатива „Солидарни за срцето на Скопје“ вечерва одржаа собир за спас на Универзална сала на кој порачаа реконструкција и санација на истата локација, наместо нејзино уривање и дислокација. Најавениот собир за поддршка на Универзална сала се одржа вечерва, пред платото на салата во 20 часот, иако беше најавен дека ќе се одржи неколку дена …

(Галерија) Последното селфи со Универзална сала? Read More »

(Видео) Подготвени се диносаурусите за Зоолошката во Скопје


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, преку објава на Фејсбук ги подгреа страстите кај вљубениците во диносауруси, и преку неколку видеа покажа како ќе изгледаат диносаурусите што треба да бидат сместени во дино паркот во ЗОО Скопје. Изградбата на дино-паркот почна лани во октомври, а сега се гледа дека фигурите на диносаурусите се подготвени да пристигнат во …

(Видео) Подготвени се диносаурусите за Зоолошката во Скопје Read More »

На „Криволак“ армиите на САД, Полска и на Македонија ќе изведат заедничка вежба


Во периодот од 19 август до 25 септември 170 припадници на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 10 припадници на Вооружените сили на Република Полска од составот на КФОР, со возила, вооружување, материјално-технички средства и опрема ќе изведат вежба, гаѓања и заедничка обука со припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, кое ќе се …

На „Криволак“ армиите на САД, Полска и на Македонија ќе изведат заедничка вежба Read More »

Владата ја усвои информацијата за наставата, МОН треба да пресече


Владата денеска на 80-та седница ја разгледа и усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести. -Потоа, врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање …

Владата ја усвои информацијата за наставата, МОН треба да пресече Read More »

Седница на Владата: Автобусите може да бидат 75 отсто полни


Владата на денешната 80-та седница разгледа и усвои информација со план за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука, и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести, по што врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање …

Седница на Владата: Автобусите може да бидат 75 отсто полни Read More »

Состојбата во гостиварско станува сериозна


Во Гостивар и околината се бележи значителен пораст на новозаразени со корона вирусот и состојбата станува сериозна. Во билетенот на здравствените власти до денеска биле забалежани 261 активен случај. Ова е беше констатирано на состанокот на регионалниот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше. Оценка е дека забрзаното ширење на вирусот се должи на …

Состојбата во гостиварско станува сериозна Read More »

Филипче: Став на Комисијата е онлајн-настава, освен за првачињата


Став на Комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во кои е неопходно физичко присуство на децата, изјави министерот за здравство Венко Филипче. – Стравувавме во оваа ситуација, на есен, кога не знаеме што може да нè чека и со што се соочуваме, како и сите …

Филипче: Став на Комисијата е онлајн-настава, освен за првачињата Read More »

Во август наврнал дожд колку за една деценија


Количеството врнежи за првите 10 дена од овој месец се движеше од 400 милиметри во Берово до 141 милиметри во Демир Капија, покажуваат мерењата на врнежите добиени од мрежата на метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи за периодот од 1 до 10 август. На останатите мерни места се регистрирани 130 милиметри врнежи во Прилеп, …

Во август наврнал дожд колку за една деценија Read More »

(Галерија) Мотодефиле и симулациска вежба на сообраќајка со повреден мотоциклист


Мотодефиле и симулациска вежба на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист организираа денеска во Скопје Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи,  Мотоциклистичката федерација и Црвен крст – Скопје. Мотодефилето почна во 10.20 часот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ и заврши кај порта „Македонија“ во 11 часот. Организаторите информират дека настанот се реализира …

(Галерија) Мотодефиле и симулациска вежба на сообраќајка со повреден мотоциклист Read More »

Нови 141 заразени со Ковид-19, 161 оздравеле, една пациентка почина


Во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 39 -Куманово 10 -Штип 23 -Прилеп 1 -Тетово 8 -Струга 6 -Битола 3 -Охрид 2 -Гостивар 13 -Крива Паланка 2 -Кочани 3 -Пробиштип 1 -Демир Хисар 3 -Македонски Брод 3 -Берово 1 -Виница 3 -Кратово 1 -Свети …

Нови 141 заразени со Ковид-19, 161 оздравеле, една пациентка почина Read More »

Касами му даде „корпа“ на Ахмети


Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, нема да учествува на состанокот на лидерите на албанските партии што го свика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дознава ИНА. Касами нема да биде на масата,  иако сè уште нема официјална одлука од партиските тела. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера ги покани на заедничка маса лидерите на албанските …

Касами му даде „корпа“ на Ахмети Read More »

Косоварите, заразени или не, транзитираат слободно низ Македонија


По информацијата дека 24 патници на летот од Скопје за Турку, Финска биле позитивни на ковид-19, се отвори прашањето – зошто Македонија дозволува, заради странски државјани, да бидат ставани на црни листи македонските граѓани, бидејќи во Финска не водат сметка за националното потекло на патниците туку за тоа од кај дошле. Уште повеќе што ситуацијата …

Косоварите, заразени или не, транзитираат слободно низ Македонија Read More »