Ќе никнат ли ветерници во Осоговието?


Градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, оствари средба со менаџментот на компанијата „Вентус”, потенцијален инвеститор за изградба на ветерници на Козјачко-Осоговскиот Планински масив. -Според она што е договорено, во почетокот на 2021 година е планирано поставување на две мерни станици и тоа, една на локалитетот Биљино и една на Осоговието, преку кои ќе се […]

Сообраќајот се одвива по влажни коловози


Сообраќајот на патиштата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Од 15 ноември е задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска […]

Се анализира потребата од нови рестриктивни мерки, продолжуваат подготовките за вакцинација


Комисијата за заразни болести  денеска се очекува да расправа  дали за празниците ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки и промени во однос на работата на угостителските објекти со цел да се спречи натамошно ширење на вирусот Ковид-19. Независната угостителска комора (НУК) вчера сооопшти дека доставила официјално барање до Комисијата за заразни болести за учество на […]

Променливо облачно со сончеви периоди и северен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во позападните делови, ќе биде ветровито и студено со умерен до повремено засилен северен ветер најизразен уште од изутрина во пошироко Повардарие. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, информираат од УХМР. Во […]

Магла на Попова Шапка, сообраќајот по влажни коловози


Поради појава на магла, намалена видливост до 30 метри има на Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија во вечерниот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема […]

Од Ковид-19 починаа уште 25 пациенти, новозаразени се 613


    Во последните 24 часа се направени 1.837 тестирања, а регистрирани се 613 нови случаи на Kовид-19 во:   -Скопје 204 -Куманово 35 -Дебар 15 -Штип 20 -Прилеп 27 -Тетово 29 -Струга 19 -Велес 24 -Битола 23 -Охрид 27 -Кавадарци 38 -Гостивар 24 -Гевгелија 19 -Струмица 9 -Крива Паланка 8 -Радовиш 8 -Кочани 11 […]

Од Ковид почина осудениот гинеколог Николче Дамчевски


Во Софија како последица на компликации од Ковид-19 почина избеганиот гинеколог Николче Дамчевски. Дамчевски беше македонскиот гинеколог осуден на две години затвор за измама на пациентка дека била бремена. Лекарската комора му ја одзеде лиценцата на седум години. Откако македонската полиција не успеа да го спречи да избега Дамчевски прегледуваше пациенти во медицинска установа во […]

Советот на амбасадори бара од МНР остро да реагира по заканите за в.д. амбасадорката во Австралија


Советот на амбасадори изразува згрозување и најостра осуда за инцидентот во македонската амбасада во Канбера, Австралија, кога член на семејство на вработен ѝ упатил закани по живот на в.д. амбасадорката. Советот го повикува Министерството за надворешни работи да излезе со најостра реакција за настанот и да преземе соодветни дејствија за казнување на сторителот на насилството, […]

Филипче ги посети операторите каде што ќе се чуваат вакцините против Ковид-19


Министерот за здравство Венко Филипче денеска посети дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината против Ковид-19. Како што соопшти Министерството за здравство, станува збор за дистрибутери кои веќе работат на оваа поле и вклучени се во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини. […]

Во Скопје во изминатите 24 часа хоспитализирани 38 нови пациенти поради компликации од Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 38 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 491 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 23 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, […]

Општина Арачиново ќе плаќа стари долгови со парите од Владата


Парите кои ќе ги добиеме од Владата ќе ги искористат за враќање на стари долгови. Со сумата што ја добиваме можеме да вратиме само половина од долгот видејќи тој изнесува 60 милиони денари (1 милион евра), велат од Општина Арачиново која деновиве се најде на удар на јавноста поради одобрените 500.000 евра од Владата за […]

Признавањето странски дипломи отсега и електронски


Процесот на дигитализација на образованието како една од приоритетните цели во програмските определби на Владата и Министерството за образование и наука со цел модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот образовен простор, подразбира и дигитализација на услугите кои им се нудат граѓаните. Во таа насока, МОН подготви акциски план кој предвидува промена на […]

Филипче: Вакцините против корона вирусот се безбедни


Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓaните дека вакцините против корона вирусот се безбедни, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата. Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број вакцини за да се вакцинира 60 до 70 проценти од населението, колку што […]

Владата прераспредели буџетски средства за набавка на вакцини против КОВИД-19, обезбедени 833.000 дози за 400.000 граѓани


Владата на вчерашната седница донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите, од кои дел ќе бидат наменети за набавка на вакцини против Ковид-19. Според најавите, досега се обезбедени 833 илјади дози вакцини против коронавирусот, со кои ќе бидат вакцинирани 400 илјади граѓани. Од нешто повеќе од 1,3 милијарди […]

Претежно облачно со локален дожд во западните делови и слаб снег на планините


Времето во земјава ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб снег. Попладне долж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се прошири насекаде. Дневната температура ќе се движи од […]

Mагла на Попова Шапка, сообраќајот умерен по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по влажни коловози, со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. Поради појава на магла, видливоста на Попова Шапка е намалена до 30 метри. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на […]

Во понеделник ќе се решава дали ќе се заострат мерките за Нова Година


    Навестувањата дека се можни порестриктивни мерки за време на претстојните празници и уште едно кратење на времето до кога ќе работат угостителските објекти  ги плаши нивните сопственици. Според  шпекулациите можно е веќе од идната недела кафе баровите и рестораните да се затвораат многу порано од сега – до 14 часот, а за празниците […]

ДИК: Од пријавените 142 болни гласачи на изборите во Штип и Пласница, гласале 136


На предвремените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница во текот на денешниот ден избирачките одбори го спроведоа гласањето на лица кои се болни или немоќни или во куќен притвор и до општинските изборни комисии доставија известувања со соодветна документација, соопшти вечерва Државната изборна комисија. – Во своите домови гласачкото право можеа да го […]

Новозаразени се 982 луѓе, а од Ковид-19 починаа уште 19 пациенти


Во изминатото деноноќие 19 пациенти со Ковид-19 не успеаја да се изборат со корона вирусот. По четворица починати има од Скопје и Крива Паланка, од кои еден има 40 години. Останатите починати се на возраст од 53 до 87 години. Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови. Од направени 2.805 […]

Австриската полиција откри арсенал оружје, наменета за неонацисти во Германија


Австриската полиција заплени автоматско оружје, експлозив и дрога за време на операциите против неонацистички симпатизери и уапси неколку од нив, соопшти денеска владата. Германската полиција во провинциите Баварија и Северна Рајна-Вестфалија уапси двајца осомничени во врска со операцијата. Оружјето требало да се искористи за „создавање крајно десничарска мрежа“ во Германија, рече австрискиот министер за внатрешни […]