Поведени дисциплински постапки против пет јавни обвинители


Оваа година водевме дисциплински постапки против пет јавни обвинители кои сториле повреди во текот на работењето, рече државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната онлајн средба со новинарите. Притоа, тој посочи дека еден обвинител од ОЈО Скопје, кај кого било утврдено нестручно работење, поднел оставка која ја констатирал Советот на јавни обвинители. Јовески рече дека […]

Поради минирање утре прекин во сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид


На патниот правец Кичево-Охрид, кај село Врбјани, утре ќе има прекин во сообрќајот во периодот помеѓу 12.00 и 15.00 часот. Прекинот, како што информираат од АМСМ, е поради изведување работи на пат (минирање), а ќе биде во траење од 10 до 15 минути. 

Армијата ќе ги продолжи тригодишните договори на професионалните војници за уште една година


На предлог на Независниот синдикат за професионални војници и Независниот синдикат на одбраната, тригодишните договори за работа на сите професионални војници ќе им бидат продолжени за дополнителна една година, соопшти денеска Министерството за одбрана, посочувајќи го ова како пример за успешен социјален дијалог. – Измените во Законот за служба во Армијата, од февруари оваа година […]

Зоолошката градина Скопје на прагот да стане членка на ЕАЗА


Изминатите две и пол години, Скопје ЗОО доби нов лик, нови животни и многу новитети. Стана најпосетената институција во државата за 2019 и 2020, а на прагот сме да бидеме членка и на Европска Асоцијација на акваируми и зоолошки (ЕАЗА), информираат од Зоолошката градина Скопје во нивниот отчет „Две и пол години Европска зоолошка“. Во […]

Хоспитализирани уште 28 пациенти во ковид центрите во Скопје


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 412 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.   Во последното деноноќие, на интерните клиники имало седум приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за […]

За утре закажана првата пленарна седница пратенички прашања по 100 дена Влада


Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите ја најави утрешната прва пленарна седница за пратенички прашања по изминувањето на 100 дена од изборот на новата Влада на премиерот Зоран Заев.   Седницата ќе се одвива според вообичаената процедура за седници за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса […]

Среќна Нова 2021 од длабочините на Охридското Езеро (фото + видео)


Нуркачкиот центар АМФОРА и Клубот за подводни дејности ОХРИД веќе 18 години традиционално на уникатен начин ја наговестуваат новата година и божиќните празници со китење елка под вода. Во услови на пандемија, за да нема фрупирање на повеќе нуркачи на едно место, беа формирани помали групи од 3-4 членови кои нуркаа на 3 различни локации […]

Филипче: Ќе се формира советодавно тело од медицински професори во пензија


Министерот за здравство Венко Филипче, дека планираат да создадат советодавно тело од пензионирани професори по медицина, задоволен од придонесот на проф. д-р Драган Даниловски, за време на пандемијата од Ковид-19.  – На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодараност на проф. д-р Драган Данаиловски за целиот придонес во Ковид кризата. Тој исклучително […]

ИЈЗ: Неделава се намали смртноста од Ковид-19 за 18, 9 отсто


Во периодот од 21 до 27 декември годинава тестирани се вкупно 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,9 отсто во однос на минатата недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во овој период регистрирани сe 3.372 нови позитивни […]

ДКСК ќе го проверува имот на градоначалници, судии и функционери


Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 45-та седница го усвои годишниот план за проверка на имотната состојба и интереси за претстојната 2021 година, кој ќе се реализира во три квартали и ќе бидат опфатени градоначалници, судии и функционери. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, појасни дека ќе бидат изработени објективни критериуми, во кои ќе […]

Надомест за десет професори за објавени научни трудови во списанија со фактор на влијание


Десет професори од универзитетите во Скопје, Битола и Штип ќе добијат надомест на средства платени за објавување научни трудови во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година. Решението го донесе Министерството за образование и наука по предлог на тричлена комисија која ги разгледа […]

Санкционирани 187 непрописно паркирани во Општина Центар минатата недела


Минатата недела, на територијата на Општина Центар, се санкционирани 187 непрописно паркирани возила, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. Како што стои во соопштението, во периодот од 21 до 27 декември 2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, се отстранети 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“, санкционирани се […]

Продолжува трендот на намалување на бројот на новодијагностицирани и починати и процентот на позитивни од тестирани


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 месецов тестирани се вкупно 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,9 посто во однос на минатата недела. Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани сe 3.372 нови […]

Од рециклирана хартија до амбалажа за јајца


Кумановската компанија „М и Т Груп“ дневно рециклира од пет до шест тони хартија од која произведува табли за јајца за фармите од државата. Годишно, како што информираат надлежните од компанијата, рециклираат милион и половина тон хартија. Со оваа количина на рециклирање се намалува палењето на хартијата и аерозагадувањето во стоилјадниот град, кој последниве зими […]

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци


Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти. За работната позиција полицаец се бараат 100 извршители во Сектор за внатрешни работи Скопје, по 50 во секторите […]

Бројот на новозаразени со Ковид-19 под 100, на хоспитализирани под илјада


После подолг временски период вчера бројот на новозаразени со Ковид-19 е под 100. Министерството за здравство вчера соопшти дека во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19. Починати се 11 лица, а 419 оздравеа. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 81 […]

Презентација на е-мапа на загадувачи на животната средина


Презентација на е-мапа на загадувачи на животната средина (пилот-верзија) ќе се одржи денеска онлајн на платформата Зум. На е-мапата, како што соопшти Зелен институт, се поставени индустриски инсталации и објекти кои работат со А и Б интегрирани еколошки дозволи, како и со елаборати за животна средина. Секој индустриски објект е лоциран со основните податоци: име […]

Облачно со сончеви периоди и засилен јужен ветер


Времето денеска наутро во некои делови од земјава ќе биде магливо, а преку ден променливо облачно со сончеви периоди, особено на истокот. Во крајните западни делови ќе биде пооблачно и ќе има појава на повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 […]

Нашинците во Кина апелираат Владата и МНР да им испратат мобилна станица за пасоши


Нашинците во Кина апелираа денеска Владата и МНР да испратат мобилна станица за поднесување барања за пасоши во амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг бидејќи многумина се соочуваат со измината важност на документите, а ппради пандемијата со КОВИД-19, нивното доаѓање во земјава е крајно комплицирано.   Од македонската заедница во Кина информираат дека во Кина […]

Пендаровски: Ќе се вакцинирам, но прво треба здравствените работници да се заштитат


Претседателот Стево Пендаровски во интервју за МРТ рече дека, сите кои имаат влијание во своите средини треба да се вакцинираат за да покажат дека граѓаните нема од што да се плашат. -Не би сакал да бидам баш прв, зашто пред мене има здравствени работници кои директно работат со заразените и се разбира не би сакал […]