(Галерија) Мотодефиле и симулациска вежба на сообраќајка со повреден мотоциклист

Фото: Б. Грданоски

Мотодефиле и симулациска вежба на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист организираа денеска во Скопје Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи,  Мотоциклистичката федерација и Црвен крст – Скопје.

Мотодефилето почна во 10.20 часот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ и заврши кај порта „Македонија“ во 11 часот.

Организаторите информират дека настанот се реализира како дел од „Летна кампања 2020“ и има за цел подигање на свеста за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот.

Нашиот фотограф Борис Грданоски преку фотографија ви ја доловува атмосферата.