Владата ја усвои информацијата за наставата, МОН треба да пресече

Фото: Б. Грданоски

Владата денеска на 80-та седница ја разгледа и усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести.

-Потоа, врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта, соопшти владината прес-служба.

Став на Комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во кои е неопходно физичко присуство на децата, изјави Претходно министерот за здравство Венко Филипче.

Состанокот, што денеска требаше да го продолжат Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование и наука, во врска со протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели, е одложен за утре, потврди  директорот на Центарот за јавно здравје и член на комисијата, Алекасндар Стојанов, затоа што не дошле претставници од училиштата и градинките.

Од друга страна пак, родители преку онлајн петиција, која досега ја потпишале 2000 граѓани, бараат учебната година од 1 септември да се одвива со далечинско учење, а ова барање особено се однесува на учениците од прво до петто одделение.

Авторите на петицијата веќе упатиле и официјално барање до институциите за онлајн настава од 1 септември.