Во август наврнал дожд колку за една деценија

Фото: Б. Грданоски

Количеството врнежи за првите 10 дена од овој месец се движеше од 400 милиметри во Берово до 141 милиметри во Демир Капија, покажуваат мерењата на врнежите добиени од мрежата на метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи за периодот од 1 до 10 август.

На останатите мерни места се регистрирани 130 милиметри врнежи во Прилеп, 113 милиметри во Струмица, 98 милиметри во Скопје, 95 милиметри во Штип, 86 милиметри во Битола, 66 милиметри во Охрид и 64 милиметри во Крива Паланка.

– Количеството на врнежи на станиците во Демир Капија, Прилеп, Струмица, Скопје, Штип и Охрид ги надминуваат досегашните суми на измерени декадни вредности (1951-2020), соопштија од УХМР.

Од Управата наведоа дека апсолутниот дневен максимум на врнежи во август до сега е надминат само на метеоролошката станица Струмица каде на 7 август 2020 година се измерени 62 милиметри.