Владата го усвои протоколот за работа на игротеките


Владата денеска го усвои протоколот за работа на игротеките во услови на епидемијата и препорача строго почитување на мерките за заштита од пандемијата, но и на протоколот при вршење на дејноста. -На денешната седница усвоен е протокол за работа на игротеките во услови на епидемија со КОВИД-19 и се препорачува строго почитување на мерките за …

Владата го усвои протоколот за работа на игротеките Read More »

Владата даде зелено светло за дневниот престој, препорака е учениците да се од иста паралелка


Владата на својата редовна 7 седница, го разгледа и усвои Записникот од Четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 28 септември 2020 година, и врз основа на заклучоците и препораките на Комисијата за заразни болести ги донесе следните …

Владата даде зелено светло за дневниот престој, препорака е учениците да се од иста паралелка Read More »

Четириесет и седум деца и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19


Во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три згрижувачки групи и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Единствено затворен е објектот во склоп на градинката „Ѕвездички“ во Чешиново-Облешево, кој, како што најави денеска министерката, ќе биде отворен утре. Во градинките, според Шахпаска, се …

Четириесет и седум деца и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19 Read More »

Пендаровски им врачи „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери


Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Водно“ го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани студенти од областа на инженерските дисциплини во Република Северна Македонија. Инженерскиот прстен, чијашто цел е признание, но и афирмација на инженерските професии и поттик за формирање на квалитетен инженерски подмладок, го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени …

Пендаровски им врачи „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери Read More »

Секој месец по десетина случаи на семејно насилство, извршители најчесто мажите


Во текот на оваа година, заклучно со 21-септември се регистрирани вкупно 98 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои 61 дело со нанесување телесни повреди, додека  во 37 била загрозена сигурноста на жртвите, бележи одделот за анализа при СВР Тетово. Од  жртвите 72 се женски лица, 30 жртви се машки лица, четворица се …

Секој месец по десетина случаи на семејно насилство, извршители најчесто мажите Read More »

Бислимоски: Снабдувачите подготвени за грејната сезона, радијаторите ќе греат од 6 часот


БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север ги имаат направено сите неопходни подготовки за старт на грејната сезона и се целосно подготвени и не очекуваат никакви проблеми. Поради инвестиции во дистрибутивната мрежа на БЕГ и оптимизирање на нивните капацитети за производство на топлинска енергија, потрошувачите топлинската енергија ќе ја добиваат околу 6:00 часот, особено во Аеродром, …

Бислимоски: Снабдувачите подготвени за грејната сезона, радијаторите ќе греат од 6 часот Read More »

Шилегов: Град Скопје продолжува со отстранувањето на дивоградбите од Скопје 2014


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вели дека институцијата со која тој раководи продолжува со активностите за отстранување на дивоградбите што се под нејзина надлежност, а се дел од проектот Скопје 2014. -Мојот став е непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици, од кои еден …

Шилегов: Град Скопје продолжува со отстранувањето на дивоградбите од Скопје 2014 Read More »

Евроамбасадорот Гир : Се надевам на скорешно одржување на првата меѓувладина конференција, билатералните договори да се применуваат во добра атмосфера


Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи што е можно поскоро. Сега е потребно земјите-членки да ја договорат финалната верзија на преговарачката рамка, којашто практично ја отвора вратата да се започне со преговарање, вели новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир, во ексклузивното интервју за МИА, кое што е негово прво по преземањето …

Евроамбасадорот Гир : Се надевам на скорешно одржување на првата меѓувладина конференција, билатералните договори да се применуваат во добра атмосфера Read More »

Осум починати од Ковид-19, новозаразени 112


Во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19 во: – Скопје 46 – Куманово 7 – Штип 1 – Прилеп 2 – Тетово 1 – Струга 6 – Велес 4 – Битола 7 – Охрид 4 – Гостивар 3 – Струмица 11 – Радовиш 3 – Кочани …

Осум починати од Ковид-19, новозаразени 112 Read More »

Отворен првиот Велоштад кај Транспортниот центар


Во рамки на Транспортниот центар во Скопје денеска беше отворен првиот плоштад за велосипеди – Велоштад. Велоштадот покрај држачите за безбеден паркинг на велосипеди и сервисна станица за велосипеди, опфаќа и гардеробер за брзо пресоблекување, кабини за долготрајно паркирање на велосипедите, фонтана за вода за пиење и соодветна урбана опрема која дополнително го хуманизира овој …

Отворен првиот Велоштад кај Транспортниот центар Read More »

Царовска: 554 училишта добија дозвола за настава со физичко присуство


Министерката за образование и наука Мила Царовска информира дека околу 800 училишта поднеле барање за одвивање на наставата со физичко присуство, од кои одобрение се дадени за 554. За онлајн платформата, Царовска потенцира дека не требаат никакви посебни перформанси на компјутерите и оти таа работи и на најслабиот компјутер. – Оваа платформа ја градиме денес …

Царовска: 554 училишта добија дозвола за настава со физичко присуство Read More »

Борел до Димитров: Посветен сум на интеграцијата на С. Македонија во ЕУ


Со нетрпение го очекувам усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција и бидете уверени во мојата лична посветеност на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, наведува високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел во писмо до вицепремиерот задолжен за европски интеграции Никола Димитров. Честитајќи му на именувањето …

Борел до Димитров: Посветен сум на интеграцијата на С. Македонија во ЕУ Read More »

Потпишан етичкиот Кодекс – членовите на Владата и функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење


На отчетно, одговорно, транспарентно и чесно работење денеска и официјално се обврзаа членовите на Владата, потпишувајќи го етичкиот Кодекс донесен на 22 септември годинава. Согласно Кодексот, функционерите, директорите и лицата на раководни позиции во институциите именувани од Владата, на секои шест месеци ќе треба да доставуваат извештај за направените трошоци во текот на нивното работење, …

Потпишан етичкиот Кодекс – членовите на Владата и функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење Read More »

УМПАКИ со повик за млади лица од 10 до 18 години за изработка на концепт за видео игра


Во рамките на проектот „Видео игротека“, поддржан од Министерството за култура,  Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ) објавува повик за подготовка на концепт за видео игра на тема „ Зачувување на животната средина“. Во подготовката на концептот за видео игра можат да учествуваат млади лица на возраст од десет до 18 години, …

УМПАКИ со повик за млади лица од 10 до 18 години за изработка на концепт за видео игра Read More »

Стабилизација на времето од утре, пониски утрински температури, од викендот затоплување


Стабилизација на времето од утре, но со пониски утрински температури, најавуваат метеоролозите. Од УХМР информираат дека од утре следува период на стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло. Најниската утринска темпратура ќе се спушти до …

Стабилизација на времето од утре, пониски утрински температури, од викендот затоплување Read More »

Царовска: Има предизвици во образованието, но ќе ги надминеме во òд


Министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски и претседателот на СОНК, Јаким Неделков денес ги посетија општинските основни училишта „Дане Крапчев” и „Крсте Мисирков” во населба Маџари. Во овие две училишта ќе се одвива настава од 1-3 одделение со физичко присуство,  а во погорните одделенија преку онлајн платформата. „Од …

Царовска: Има предизвици во образованието, но ќе ги надминеме во òд Read More »

Добрила Кацарска предложена за уставен судија


Судскиот совет на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, потврдија за МИА од СС. Предлогот за судијката Кацарска ќе биде испратен на гласање во Собранието на РСМ, каде народните избраници треба да ја изберат на функцијата. Кацарска е судија во Основниот кривичен суд …

Добрила Кацарска предложена за уставен судија Read More »

СЈО незаконски исплатило 4,6 милиони евра надоместоци за тајност, констатира Државната ревизија


Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно обвинителство износот на исплатени додатоци за 2015 година го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице, како и дека за периодот јануари 2016 – септември 2019 по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност и за посебна заштита на приватност биле …

СЈО незаконски исплатило 4,6 милиони евра надоместоци за тајност, констатира Државната ревизија Read More »

Најверојатно Владата денеска ќе дозволи дневен престој во училиштата


Сѐ уште нема конечна одлука за организирање дневен престој за учениците кои со физичко присуство ќе следат настава годинава, но Владата денеска ќе одлучува за тоа. Министерката за образование Мила Церовска, рече дека разговарано е за овојпроблем и според насоките кои ги имаат од Комисијата за заштита од заразни болести не би требало да е …

Најверојатно Владата денеска ќе дозволи дневен престој во училиштата Read More »

Тестирањето на онлајн платформата за настава продолжува


На националната платформа за онлајн-настава вчера биле најавени над 88.000 активни корисници кои, како што информира Министетството за образование и наука, придонеле за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците кои произлегуваат од нејзино оптоварување  во оваа фаза од имплементацијата. -Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани, и е започната оптимизација на ресурсите во сите …

Тестирањето на онлајн платформата за настава продолжува Read More »