Секој месец по десетина случаи на семејно насилство, извршители најчесто мажите


Во текот на оваа година, заклучно со 21-септември се регистрирани вкупно 98 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои 61 дело со нанесување телесни повреди, додека  во 37 била загрозена сигурноста на жртвите, бележи одделот за анализа при СВР Тетово. Од  жртвите 72 се женски лица, 30 жртви се машки лица, четворица се сопрузи, 11 мајки, девет татковци, четири поранешни сопруги, 10 невенчани сопруги, како и 28 други лица.

-Во нив вкупно биле инволвирани 85 машки и 16 женски лица, од кои 29 се сопрузи, 5 сопруги, 17 синови, 3 мајки, 4 татковци, 1 поранешна сопруга, 3 поранешни сопрузи, 10 вонбрачни сопрузи и 28 други лица.  Кај 85 од кривичните дела причина за семејното насилство било нервно растројсво, во 12 дела алкохолот и во 1 дело причина била дрогата, додека во 93 од вкупниот број на делата била употребена физичка сила, истакнува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во СВР Тетово, исто така, евидентирани се и 166 поплаки во врска со семејно насилство, од кои 148 со психичко малтретирање, 17 со физичко малтретирање и едно од економски мотиви.

Меѓу сторителите, опфатени со поплаките, најмногу се машки лица (136), додека најчеста причина за нив е нервно растројсво. Меѓу жртвите,пак, регистрирани се 100 женски лица и 69 машки лица, меѓу нив 24 се деца и 41 се родители жртви на семејно насилство.