Без вода дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје


 Дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје од 7.30 часот немаат вода поради уличен водоводен дефект на таа улица. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од бр. 4 до бр. 30 на ул. „Борис Трајковски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Без струја делови од Центар и Кисела Вода


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска од 8.30 до 15:00 часот електрична енергија ќе немаат корисниците на дел од ул.„Тодор Александров“ – Комплекс „Олимписко село“ во општина Центар. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од  ЕВН Македонија АД, од 8:30 до 15:30 часот струја ќе немаат и корисниците на дел од ул. „Јустинијан Први“, …

Без струја делови од Центар и Кисела Вода Read More »

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. …

Сончево со мала до умерена локална облачност Read More »

ЛДП: Владата делува неподготвено околу поскапувањата на горивата


ЛДП од надлежните бара итна и ефикасна реакција по последната одлука на Регулаторна комисија за енергетика за поскапување на нафтата и нафтените деривати, со цел олеснување на товарот на џебовите на граѓаните, се вели во соопштението од Либерално-демократската партиј. „Воопшто не е изненадувачка одлуката на РКЕ, со оглед на случувањата на Блискиот Исток и воената …

ЛДП: Владата делува неподготвено околу поскапувањата на горивата Read More »

Прва седница на работната група за изборниот законик


  На денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство членовите на работната група едногласно го избраа министерот за правда Игор Филков за претседавач на ова тело. На седницата се дискутираше за  деловникот на работа и начинот на работа на работната група. Следната седница е закажана на 23 март, а на членовите …

Прва седница на работната група за изборниот законик Read More »

Мисајловски најави реконструкција на 17 воени објекти годинава – наскоро Армијата ќе ги покаже новите „страјкери“


Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје. „Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме …

Мисајловски најави реконструкција на 17 воени објекти годинава – наскоро Армијата ќе ги покаже новите „страјкери“ Read More »

Родова еднаквост: Дали е важно вреднувањето на мажественоста, или на нешто многу помоќно и поедноставно?


Меѓународниот ден на жената, кој се одбележува секоја година на 8 Март, е глобален ден посветен на признавање на социјалните, економските, културните и политичките достигнувања на жените, но и јасен повик за конкретни активности за постигнување родова еднаквост. Тој ја нагласува потребата од општество ослободено од предрасуди, стереотипи и дискриминација, во кое се обезбедуваат еднакви …

Родова еднаквост: Дали е важно вреднувањето на мажественоста, или на нешто многу помоќно и поедноставно? Read More »

Тошковски во увид на изградбата на новата полициска станица во Аеродром


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во градежните активности на новата полициска станица во општина Аеродром, која претставува еден од капиталните инфраструктурни проекти на Министерството за внатрешни работи. Изградбата на новиот објект е дел од поширокиот процес на унапредување на условите за работа на полициските службеници, но и на квалитетот на услугите …

Тошковски во увид на изградбата на новата полициска станица во Аеродром Read More »

Протест во Битола, граѓани бараат градот да се исчисти од улични кучиња за седум дена


  БИТОЛА – Битола да се исчисти од улични кучиња во рок од една недела побараа граѓани на мирен протест откако во последниот период две деца беа искасани од кучиња во населбата Баир. На почетокот на февруари беше искасано дете на две години и поради тежината на повредите пренесено во скопските клиники, а во петокот …

Протест во Битола, граѓани бараат градот да се исчисти од улични кучиња за седум дена Read More »

Еколошката наука во Македонија стана побогата за 13 нови истражувања на млади еколози


Во изминатите две недели, тринаесет млади истражувачи ги претставија заклучоците од своите научно-истражувачки проекти коишто беа поддржани со мал и среден грант во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво. Станува збор за уникатна програма, осмислена со цел да им обезбеди континуирана поддршка на младите еколози и …

Еколошката наука во Македонија стана побогата за 13 нови истражувања на млади еколози Read More »

ДОМ: Вистинската изборна реформа почнува со една изборна единица


Во јавноста повторно се отвора прашањето за можни измени на изборното законодавство и за различни идеи поврзани со функционирањето на Собранието. ДОМ смета дека ваквата дебата е добредојдена, но таа треба да се води со фокус на вистинските демократски реформи кои ќе го подобрат квалитетот на претставничката демократија. Наместо дискусијата да се сведува само на …

ДОМ: Вистинската изборна реформа почнува со една изборна единица Read More »

Голема акција за уредување на зелените површини во Општина Аеродром


Денеска, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, започна голема заедничка акција за уредување и разубавување на парковите и булеварското зеленило на територијата на Општина Аеродром.   Градоначалникот Дејан Митески и в. д. директорот Муамер Сефери извршија увид на теренот, каде што екипите со соодветна механизација работат на повеќе локации. Се врши машинско косење на …

Голема акција за уредување на зелените површини во Општина Аеродром Read More »

Општина Центар објави јавен повик за организирање тематски прошетки низ Центар


Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар“, во рамки на Програмата за култура за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека целта на проектот е граѓаните да ја запознаат архитектурата, историјата и културното наследство во срцето на градот. „Центар …

Општина Центар објави јавен повик за организирање тематски прошетки низ Центар Read More »

Повредените во „Пулс“ не треба да плаќаат за здравствени услуги, вели министерот Алиу


На само неколку дена од одбележување една година од пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредни, министерот за здравство Азир Алиу извести дека работна група бара начин како да ги ослободи од партиципација повредните кои се принудени да доплаќаат за здравствените услуги. Министерот Алиу вели дека тоа …

Повредените во „Пулс“ не треба да плаќаат за здравствени услуги, вели министерот Алиу Read More »

Ќе се средува дворот во болницата во Кочани – ќе се урива и модуларната за паркинг


Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов денеска ја посетија Општата болница со проширена дејност во Кочани, со цел увид во моменталната состојба и отпочнување конкретни чекори за уредување на просторот околу болницата и средување на асфалтните површини.   -Кога пристапот е домаќински, резултатите се видливи. Денес тука гледаме …

Ќе се средува дворот во болницата во Кочани – ќе се урива и модуларната за паркинг Read More »

Четиринаесет пријавени за евакуација од Дубаи не се појавиле на аеродромот


  Четиринаесет македонски државјани кои биле пријавени за евакуација вчера не се појавиле на организираниот лет од Дубаи, информираше министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. „14 лица вчера не се појавија на летот од Дубаи. Овие лица до последен момент барале евакуација. Контактиравме веднаш преку нашето дипломатско претставништво други граѓани, кои ги вративме, а беа …

Четиринаесет пријавени за евакуација од Дубаи не се појавиле на аеродромот Read More »

Прскалките од кои настана пожарот во „Пулс“ не биле купени во Кисела Вода туку на Бит пазар?


  Прскалките од кои настанал пожарот во „Пулс“ не биле купени од продавница во Кисела Вода, како што произлезе од претходните рочишта. Денеска, сопственикот на продавницата, Горан Игновски, од каде групата ДНК порано купувала прскалки, тврдеше дека прскалките од кои настанал пожарот во „Пулс“ не биле купени од кај него. Горан тврди дека продавал прскалки …

Прскалките од кои настана пожарот во „Пулс“ не биле купени во Кисела Вода туку на Бит пазар? Read More »

„Анима Мунди“ : Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје


Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, реагираат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Во пресрет на новото судско рочиште за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина Скопје од јули 2022 година, кое како што информираат, треба да се оддржи денеска во 10:30 часот, здружението испратило барања за слободен пристап до …

„Анима Мунди“ : Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје Read More »

Минусна утринска температура во Берово и Попова Шапка


Во Берово и Попова Шапка изутринава измерена е температира од – 1 степен Целзиусов, 0 во Крива Паланка, 1 во Mаврови Анови, 2 во Лазарополе и Kрушево, 4 во Виница, 5 во Битола и Претор, 6 во Прилеп и Кавадарци, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип и Охрид, 8 во Скопје-Петровец, Тетово и Куманово, …

Минусна утринска температура во Берово и Попова Шапка Read More »

Сообраќајот по влажни коловози, магла на патот село Лисец – Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на патниот правец село Лисец – Попова Шапка, информира АМСМ.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за …

Сообраќајот по влажни коловози, магла на патот село Лисец – Попова Шапка Read More »