Лицата кои прележале Ковид-19 може да се вакцинираат со една доза


Лицата кои прележале Ковид-19 може да се вакцинираат со една доза од вакцината, согласно стручните препораки. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дека лицата, кои прележале Ковид-19 ги нема во планот за имунизација, со образложение дека имаат антитела. Филипче напомена дека планот […]

Нема зголемен број заболени ученици и наставници, матурата ќе се спроведува според протокол од Комисијата


Во најголем дел од државата немаме зголемен број  заболени наставници и ученици за да се преземат одредени мерки, изјави денеска претседателот на Комисија за заразни болести Жарко Караџовски. -Во државата има околу 40 илјади ученици кои се опфатени во фазата на едукација. Во моментов знаете дека функционира со физичко присуство од прво до трето одделение.Во […]

До сега се регистрирани 116 случаи на реинфенција со корона вирусот, двајца починале


Во земјава до сега се регистрирани 116 случаи на реинфекција со корона вирусот, од кои двајца се починати, информира на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, кој истакна дека смета оти ова се должи пред се на непочитување на мерките, особено на оние лица кои веќе го прележале вирусот и кои сметаат […]

Сите вакцини што влегуваат во земјава се безбедни, вели Филипче


Сите вакцини што влегуваат и ќе влегуваат во земјава се и ќе бидат безбедни – експертски тим ги следи сите можни известувања од земјите што ги користат вакцините, од земјите каде што се призведени, како и на СЗО и на ЕМА, изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со несканите […]

Од утре снег и утрински температури под нула


Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, а на планините повремено ќе провејува снег. Минималната температура ќе изнесува -5 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне до 14 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната дневна температура ќе изнесува 11 степени. Според […]

Филипче ќе го разреши Мухамед Асани, директорот на струшката болница


Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека ќе го разреши директорот на струшката болница, Мухамед Хасани. На денешната прес конференција тој рече дека вчера формирал нова комисија која треба да даде оценка за лекувањето на родилката од Дебар на која ѝ биле извадени три органи по породување со царски рез. Хасани работел и со дива […]

Филипче: Нема нови рестрикции, останува полицискиот час од 22:00 до 05:00 часот


И покрај зголемениот број заболени од Ковид – 19 и притисокот врз болниците, Комисијата за заразни болести не предложила нови рестриктивни мерки. Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, и во наредниот период остануваат досегашните мерки за полицискиот час од 22:00 до 05:00 часот. Оваа препорака е донесена врз основа на бројот на позитивни […]

(Видео) Прес на Филипче – ќе има ли карантин?


Комисијата за заразни болести утрово ќе заседава за евентуални нови рестриктивни мерки кои би ги предложила до Владата. „На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да ви кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не“, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче. […]

Денеска седница на Комисијата за заразни болести: Филипче ќе каже дали ќе бидеме затворени викендов


Комисијата за заразни болести утрово ќе заседава за евентуални нови рестриктивни мерки кои би ги предложила до Владата. „На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да ви кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не“, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче. […]

Над 2.250 деца до деветгодишна возраст се заразиле со Ковид-19


Вирусот бил детектиран и кај 412 бремени жени во С. Македонија, од кои 58 биле хоспитализирани 2.254 деца до деветгодишна возраст и 4.938 млади лица на возраст од 10 до 19 години заболеле од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Вирусот бил детектиран и кај 412 бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на […]

Одбележување една година од образовната платформа Едуино


Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје денеска организира онлајн-настан за одбележување една година од постоењето на Едуино – портал за дигитални образовни содржини, соработка и професионален развој (www.eduino.gov.mk). Платформата профункционира лани во март како одговор на пандемијата и решение за учење на далечина. На Едуино се закачуваат видеа од лекции за ученици, снимени од наставници, како и дигитални активности за […]

Расте бројот на новозаразени, опозицијата бара од Собранието интерпелација за Филипче


Се зголемува бројот на заразени со КОВИД-19 и на приеми на пациенти, низ државата се хоспитализирани 1082, болничките капацитети се полнат и се адаптираат нови – од вчера во функција е ковид-центар на Клиниката за трауматологија.  Општинските кризни штабови апелираат за построги мерки, а опозицијата во Собранието поднесе предлог за интерпелација за министерот за здравство […]

Променливо облачно, студено и ветровито


Времето во земјава ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, претежно на планините со услови за провејување на слаб снег, на југозападот понекаде со слаб дожд. Попладне ќе биде посончево. Ќе дува засилен, во источните делови и вдолж Повардарието силен северозападен ветер (на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час). Утринската температура ќе се […]

Рашковски му изјави на „Фокус“ дека бил на одмор во Мексико


Поранешниот генерален секретар во Владата и сега советник во Владата, Драги Рашковски, е на одмор во Мексико со семејството, објави „Фокус“. Тој му изјави на магазинот: „Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14 и таму ќе бидеме до 31 овој месец. Три години не сум бил на одмор, на […]

Владата донесе протокол за реализирање на државната матура


Владата денеска на 54-тата седница го донесе Протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година. Како што соопшти владината прес-служба, Протоколот за организирање и спроведување на државната матура е донесен по одобрувањето од Комисијата за заразни болести. Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат на […]

АНБ со службена белешка го информирала Заев за причините за бегство на Камчев, аргументите сериозни


Премиерот Зоран Заев вели дека од Агенцијата за национална безбедност со службена белешка, која е класифициран документ, бил информиран за причините за приведување на Орце Камчев и ги оценува како сериозни. -Нормално дека сум информиран од институцијата што е под надлежностна Владата, Агенцијата за национална безбедност преу службена белешка, строго доверливо,  за деталите за поднесокот […]

Одбиена жалбата на Камчев за притворот


Кривичниот суд во Скопје, не ја прифати жалбата на одбраната на осомничениот Јордан Камчев, за укинување на мерката притвор, потврдија за МИА, од Кривичен суд Скопје. – Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по жалба поднесена од одбраната на Ј.К. против решение на судија на претходна постапка од 14.03.2021 година, донесе […]

Заев интервенирал да се пропуштат граѓани на Деве Баир за време на полициски час


Владата реагираше со соопштение и го кажа тоа што е и нејзина и одлука  на Штабот, дека должност е на службениците да ги пропуштат сите граѓани кои со своите возила се затекнати надвор од државата и се враќаат за време на полицискиот час, рече денеска премиерот Зоран Заев во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека […]

Од Ковид-19 починаа 24 пациенти, нови 999 заразени


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје при што во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 539, Прилеп и Битола – по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово […]

Прв говор на македонски јазик во албанскиот Парламент


Васил Стерјовски е пратеникот кој го одржа првиот говор на македонски јазик во албанскиот парламент. Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција ова го оцени како историски настан за Македонците во Албанија.   -Почитуван претседател на Собранието, почитувани пратеници. Ја имав честа во сто и првата годишнина од Собранието на Република Албанија да бидам првиот пратеник […]