Акција за собирање кабаст отпад во Општина Карпош


Од 18 до 22 мај (вторник – сабота), Општина Карпош спроведува акција со ЈП „Комунална хигиена“ Скопје за одложување на кабастиот отпад од домаќинствата.
 
Големи контејнери за ваков тип отпад ќе бидат поставени на 4 локации:
–  Влае 2, позади Порта Влае, кај автобуската постојка;
– Тафталиџе 2, на улицата „Женевска“ (автобуска постојка на последна „24 – ка“);
– Козле, во близина на ресторанот „Македонска куќа“ ;
– Долно Нерези, на улица „Ванчо Мицков“.
 
Од општината повикуаат да го одложите мебелот и е-отпадот во овие контејнери. Казниво е одложување на кабаст отпад во околината на контејнерите за домашен комунален отпад.