Филипче: Помлади се вакцинираат затоа што постарите веќе се вакцинирале


 

По реакциите на јавноста дека се вакцинираат млади луѓе, а акцент не е ставен на оние со хронични болести, министерот за здравство Венко Филипче објасни дека тоа се случило само во некои општини.

– Во оние општини или пунктови, каде се пријавиле постари и помлади граѓани, а вакцинирани се сите, тоа се случи затоа што веќе се вакцинирале сите постари граѓани од нивната општина или пријавени на тој пункт за вакцинација. Повикуваме да се пријават сите, а акцентот е ставен на постари граѓани од 70 години – речеденеска министерот Филипче.

Тој појасни дека границата е ставена на граѓани на 40 години, а другите, помладите ќе почекаат да им дојде редот.