На 6 април бесплатни здравствени консултации во Центар


Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично“, во период од 09:00 до 15:00 часот.    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советувања […]

Тарик Семси, по потекло од Жупа, во трка за советник во Општинскиот совет на Венеција


Дваесет и осум годишниот Тарик Семси, по потекло од Македонија, од турската етничка припадност, поточно од село Коџаџик – Центар Жупа, а живее во Италија, е кандидат за советник во општискиот совет на Венеција, што е прв Македонец и воопшто странец кој се нашол на кандидатска листа за советници во овој познат италијански град. Дипломирал […]

Најмногу дожд во Mаврови Анови и на Попова Шапка во изминатите 24 часа


 Најстудено е утрово на Попова Шапка, -1 степен, каде што има и снежна покривка од 72 сантиметри. Како што информира УХМР,  1 степен утрово е во Mаврови Анови, 2 во Kрушево и Лазарополе, 4 степени во Претор, 5 во Охрид и Берово, 6 степени во Крива Паланка, Битола и Прилеп, 7 во Тетово, 8 во […]

Од понеделник ни доаѓа вистинска пролет


Почнувајќи од понеделник 6 април 2026 територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на стабилна, сува  и значително потопла воздушна маса од југ која позначително ќе предизвика температурите да бидат во пораст и тие ќе бидат вистински пролетни а времето ќе биде стабилно и суво со многу сонце. Температурите преку ден во Македонија во текот […]

Претседателите на Уставниот суд, на Врховниот суд и на Судскиот совет во посета на Грција


 Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, престојува во дводневна работна посета на Атина, со цел средби со претставници на највисоките судски институции во Република Грција. Костадиновски е во придружба на претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски и претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани. Според агендата, ќе остварат средби со претседателите и претставници на Врховниот суд […]

Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Центар


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 07:30 до 15:30 часот, ќе сотанат дел од ул.Жан Жорес, РИО Кафе во Илинден, Дени Интернационал, Кромберт и Шуберт во Илинден, Делта Комерц и дел од Хиподром, информира РЦУК Скопје. Струја 08:15 до 14:00 часот, ќе немаат и дел од бул.Никола Карев (кај Мулти Бренд), […]

Промоција на поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ во Порта Македонија


 Во Порта Македонија денеска во 13 часот ќе биде промовирана поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“, издание на АД Пошта – Скопје, посветено на македонскиот кардиолог, доктор на медицински науки и алпинист д-р Сашко Кедев, кој во 2025 година стана првиот Македонец што ги искачил сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри.  Како што […]

Облачно со дожд, на повисоките места и снег


Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 2 април 2026 година, 92-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  273 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 15 минути, а ќе зајде во 19 часот. Денов трае 12 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, а ќе зајде […]

Државниот архив одбележа 75 години: Посветени сме на дигитализација и обука на ИТ-кадар


 „Столб на македонската држава, колективна меморија“ е мотото со кое Државниот архив на Република Северна Македонија денеска свечено одбележа 75 години од основањето во 1951 година, со указ на тогашната влада. По седум и пол децении постоење, предизвик на институцијата е дигитализација на документите. Директорот на Архивот, Димитар Богески, изјави дека прават анализи колку би […]

Енергетската криза удира кај што е најтенко – поскапуваат лебот и белите печива


  Три до пет денари – за толку се зголемува цената на лебот – основниот прехрранбен производ за најголемиот дел од македонската популација, за која новите цени ќе претставуваат значаен удар за животниот стандард. Иако во номинален износ поскапувањето не делува многу, тоа сепак е околу десет отсто во однос на досегашните цени кои се […]

Матичните лекари ќе можат да пропишуваат никотински фластери и гуми за џвакање за одвикнување од пушење, како и контрацепција


По повеќе од десет години Министерството за здравство ја ажурираше есенцијалната листа на лекови и во неа првпат стави лекови за одвикнување од пушење и контрацептивни средства. Координаторот на работната група која ја ажурираше есенцијалната листа на лекови, професорот Зоран Стерјев, кажа дека е зголемен и бројот на антиинфективни лекови и ажурираната листа има значително […]

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 април


Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 април 2026 година. Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но […]

Жичницата на Водно, од денеска, работи еден час подолго


Жичницата од денес, среда (1.04.2026 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. „Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен […]

ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе биде исфрлена фирмата на бизнисменот Давидовиќ од енергетскиот план


  Откако денеска СДСМ повторно прдупреди дека хирмата на контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака е дел од енергетскиот план на Македонија за 2026, ВМРО-ДПМНЕ објави оти таа ќе биде исфрлена од него. Давидовиќ од 2023 се наоѓа на црната листа на САД, а фирмата поврзана со него „Хронос сум“ е наведена во планот […]

„Кој си ти да пријавуваш?“ вака го избркале Саздов кога сакал да пријави насилство врз Ивана


Кој си ти да пријавуваш – го избркале од полициска станица кога сакал да пријави насилство врз Ивана, сведочеше Мартин Саздов на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја. – Ивана сакаше да се реши убаво работата, да нема пријавувања […]

Почина академик Илбер Ортајли, историчар од Турција, член на МАНУ надвор од работниот состав


Во 79. година од животот почина  академик Илбер Ортајли (1947 – 2026), историчар од Турција и член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав од 27 мај 2009 година, наведува МАНУ во соопштение. Акад. Илбер Ортајли е еден од најистакнатите турски историчари и интелектуалци. Роден е во 1947 во Брегенц, Австрија, […]

Алиу: Злоупотребата со дополнителното работно време кај лекарите е административна, не клиничка


Злоупотребата со дополнителното работно време од одредени лекари е административно и треба да се реши, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу, нагласувајќи дека не се работи за клиничка злоупотреба и оти со споменувања на имиња на доктори и институции не треба да се прави сензација, која нема да помогне за решавање на […]

Тим од македонската редакција на Радио Слободна Европа го формираше „Колегиум.мк“


  Ден по официјалното затворање на македонската редакција на Радио Слободна Европа во македонскиот јавен простор се појави нов медиум „Колегиум.мк“ кој е составен од новинари на згаснатиот сервис. Во најавата за лансирањето на новиот медиум редакцијата вели дека „Колегиум“ е место на дијалог, на аргументи и на различни мислења. „Редакциски простор во кој новинарството […]

Свечено отворен реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто


Свечено беше отворен денес реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто, културен објект во рамките на Општина Гази Баба. „Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, тој е симбол на нов почеток, на обновена енергија и на засилена грижа за културниот живот“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешното […]