Законот мора да важи за сите, но јавниот дискурс не смее да се претвори во омраза и закани
Прашањето за примената на законските услови за управување со моторни возила во изминатите денови прерасна во јавна дебата проследена со сензационализам, генерализации и говор на омраза. Наместо аргументирана и одговорна јавна дискусија за доследна примена на законите и институционалните обврски, јавниот простор беше исполнет со пораки што дополнително ги продлабочуваат поделбите и ја засилуваат стигмата …