Екоедукација за ученици во ЈУ Национален парк „Пелистер“
Јавната установа Национален парк „Пелистер“ реализира едукативна програма за ученици од битолските училишта, во која се вклучени содржини за природните реткости и вредности на националниот парк.
За време на посетите на Инфоцентарот и изложбениот салон на Националниот парк, учениците и нивните наставници се запознаваат со биодиверзитетот, природните богатства и значењето на заштитата на животната средина, со цел развивање на еколошка свест кај младите генерации, информираа од таа национална установа.
ЈУ Национален парк „Пелистер“ неодамна го пушти во функција адреналинскиот парк за деца и возрасни, како и нови содржинини за одмор и рекреација опремени кај местото наречено Голема Ливада и Мала Ливада.