ЈО ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово, власта очекува брза и успешна истрага


Истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и  корупција вчера почнаа со првично разгледување на документација за модуларната болница во Тетово добиена од Бирото за јавни набавки и од Министерството за труд и социјална политика. Власта, од своја страна, порача дека воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница […]

Истекува рокот за потврдување на листите на кандидати за градоначалници и советници


Денеска истекува рокот до кој општинските изборни комисии (ОИК) официјално треба да ги потврдат сите листи на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје поднесени од политичките партии, коалициите и групи граѓани за учество на локалните избори закажани за 17 октомври. Вака потврдените листи ОИК ги доставуваат до Државната […]

Активни 13.008 случаи, надлежните апелираат што поголем број граѓани да се вакцинираат


Бројот на активни случаи во државава изнесува 13.008 од кои најголем број 5798 се во Скопје. Во Тетово има 1051 активен случај, во Куманово 914, во Струга 656, во Охрид 653, во Гостивар 569, во Струмица 511, во Кичево 480… Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 4.384 тестирање, регистрирани се […]

Облачно со дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. […]

(Галерија) Очи во очи со живи статуи: „Статуафест – Скопје на улица“


Скопјани, но и оние кои денеска и утре ќе се најдат во центарот на градот, имаат можност од 18,30 до 21,30 часот на улицата Македонија да се сретнат очи во очи со живи статуи, во рамки на годинашниов фестивал „Статуафест“. Дел од атмосферата ја прикажуваат фотографиите што ги направи вечерва нашиот фоторепортер Борис Грданоски.  Како […]

Повторно многу починати од короната – 29


Заразата во Скопје никако да стивне, во главниот град се пријавени 249 од 561 случај на позитивни лица. Почина и двегодишно дете, кое досега повеќе пати било хоспитализирано и оперирано   Можеби бројот на нови инфекции се намалува, но тоа оди со многу мало темпо, додека билансот на починати и натаму останува висок. Во последните […]

МЗ: И покрај напорите на лекарите да го спасат, почина двегодишно дете донесено во тешка состојба на Детската хирургија


Универзитетската клиника за детска хирургија до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје пријави случај за двегодишно дете со долга историја на болести, кое од страна на згрижувачко семејство во тешка состојба било донесено на Клиниката, каде и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало, соопшти Министерството за здравство. Станува збор за дете […]

Инцидент во Тетово: Демонстрантите ја нападнаа полицијата која го бранеше седиштето на ДУИ


Граѓаните кои попладнево мирно протестираа во Тетово, како поддршка за починатите кои загинаа при пожарот во модуларната болница во Тетово, влегоа во конфликт со полицијата. Тие се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им е забранет пристапот.Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа […]

МЗ: Аплицирани 1.435.392 дози вакцини, ревакцинирани 667.739 граѓани


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со средата и во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани. Прва доза вакцина во средата и во текот на вчерашниот ден примиле 3.407 граѓани, а вкупно се […]

Наставнички пленум бара пократки часови во наставата со физичко присуство


 Наставничкиот пленум бара од Министерството за образование и наука скратување на времетраењето на часовите во наставата со физичко присуство од 45 на 30 минути бидејќи, како што наведува во соопштение, наставниците имаат  големи потешкотии да ја реализираат наставата  во затворен простор и почитување на сите протоколи утврдени од Комисијата за заразни болести. Пленумот од МОН […]

Блесна Офицерскиот во Битола – СДСМ го обнови, ВМРО-ДПМНЕ ќе го продаваше (Фото)


Битолчани се идентификуваат со велелепното здание и се горди што неговата убавина повторно ќе го краси градот. Во обновата со грант учествуваше и Европската унија   Анета Блажевска БИТОЛА – Блеснува во нов сјај обновениот Офицерски дом во Битола. Локалната власт го врати грандиозниот изглед на Офицерски во реконструкцијата која траеше речиси четири години. Денеска […]

Љупчо Николовски на средба со директорот на ОЛАФ во Брисел


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска во рамки на работна посета на Брисел, Белгија, одржа работен состанок со директорот на канцеларијата на Европската комисија за борба против измама (OLAF), Вили Итала. Ова е прв официјален состанок на вицепремиерот Николовски и директорот […]

ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае меѓу училиштата со инклузивна настава


Министерката Мила Царовска денеска го посети основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во населба Влае 2 во општина Карпош, каде што се изведува инклузивна настава. Задоволна е, рече, што во ова училиште, како и во голем дел од училиштата низ земјава се создаваат услови за пристап на сите ученици согласно нивните потреби. – Тоа укажува дека […]

И матичните лекари ќе закажуваат прегледи за кои досега ингеренции имаа специјалистите


Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во јануари или февруари идната година во целот ќе се смени системот – и матичните лекари ќе можат да закажуваат пегледи за кои досега ингеренции имаа специјалистите. Моделот, истакна Филипче, може да се воведе и сега, но тоа нема да биде трајно решение. Министерот потврди дека не […]

Од октомври ќе се бара потврда за две дози вакцина


Од октомври, таму каде што се бараше потврда за само една доза вакцина, ќе се бара сертификат за целосна имунизација, со две дози, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Ова, рече Филипче, е новата мерка што ќе се воведе најверојатно идниот месец. За други рестрикции засега не се размислува. Бројката на новодијагностицирани со КОВИД […]

Состојбата во училиштата стабилна, вчера 0,01 процентот на новозаразени


Процентот на новозаразени во училиштата вчера бил 0,01, како и во двата дена претходно, а од 1 септември досега вкупните случаи не надминувааат 0,2 отсто. Според министерката Мила Царовска, тоа укажува на стабилност со вирусот во училиштата, но доколку Комисијата за заразни болести предложи промена на моделот, МОН ќе го примени. -Министерството за образование и […]

Филипче: Не бегам од одговорност, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира


Не бегам од одговорност и од прашањата. Секогаш сум достапен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче кој на прес-конференција во Клиничкиот центар ги соопшти бројките за најновата состојба со КОВИД во државава. Одговорајќи на новинарски […]

Симовски во Дебар: До утре очекуваме да бидат попишани милион граѓани


Пописот на населението, домаќинствата и становите на целата територија на државата се одвива со посакуваниот интензитет, без проблеми и убедени сме дека успешно ќе заврши во планираниот рок, изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, кој денеска престојуваше во Дебар. – До вчера попишани се точно 800.008 граѓани, а до утре очекуваме […]

Маричиќ: Над 30 лица годинава имале статус на лице кое е во отворено или полуотворено одделение


Над 30 лица оваа година имале статус на лице кое е во отворено или полуотворено одделение на затворот и имаат можност да работат во текот на издржувањето на казната затвор, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ. Статусот на сите лица, посочи Маричиќ, кои што се лишен од слобода и на кои им е одземено […]