Маричиќ: Влегуваме во последната фаза од пописот


Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, посочи дека влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години. -Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после […]

Попишани повеќе од милион граѓани


Над еден милион граѓани се попишани денеска до 15 часот, информираат од Државниот завод за статистика. – До 15 часот, денеска попишани се 1.000.034 лица. Попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет, информираат од ДЗС. Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото […]

Стабилна состојбата со коронавирусот во штипските училишта и градинки


Четворица ученици од штипските основни и средни случаи се потврдени како позитивни случаи на коронавирусот во текот на викендот, а има и по еден наставник и воспитувач од девотелетка и градинка. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека од почетокот на учебната година па до денеска регистрирани се 25 ученици позитивни на […]

Русковска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза


Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за Радио слободна Европа. – Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и […]

Оштетена таблата за електрична енергија од модуларната болница во Прилеп


Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница, известуваат од Министерството за здравство. – Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција. […]

ДЗС: Попишани вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови


Вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 […]

Променливо облачно со сончеви периоди, на планините локален дожд и грмежи


Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе биде западен и повремено со засилен интензитет. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а […]

Измените во Кривичниот законик ќе внесат родови димензии во дефинирањето на кривичните дела


Интервенција во Кривичниот законик заради употреба на родово сензитивен речник, наспроти родово неутралниот, кој моментално се употребува, вметнување на родовата перспектива, гарантирање дека родовите димензии се земени предвид во дефинирањето на кривичните дела и постапките за спроведување на овој Законик, измени во однос на половиот напад и силувањето, измена со цел дефинирање на психичко насилство, […]

Активни 13.261 случаи на Ковид-19, колективен имунитет ќе се постигне само со вакцинација


Со есенските месеци ризик факторите да се добие Ковид-19 ќе бидат многу високи. Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до граѓаните да се вакцинираат. Според податоците од синоќа од Институтот за јавно здравје, од направени […]

Ковидот коси, починато 41 лице


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи Ковид-19. Починато е 41 лице, додека 245 пациенти оздравеле.   Во Скопје се регистрирани 274 случаи, Куманово – 52, Кавадарци – 25, Велес – 17, Прилеп – 15, Битола и […]

Есента носи поголем ризик, вакцините се единствен начин нормално да функционираме, вели Филипче


Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет и да бидеме заштитени. Ризикот да се добие Ковид-19 е многу висок. Сега, со есенските месеци, ризик факторите дополнително ќе се зголемуваат, луѓето повторно ќе бидат во затворени простории, затоа, апелирам граѓаните да ја сфатат оваа работа […]

Утре ќе биде затворен за сообраќај центарот на Скопје


Утре во Скопје, утре од 18 до 23 часот ќе има изменет сообраќаен режим поради манифестацијата „Вело Фиеста“ во организација на Град Скопје. Тоа значи дека на дел од улицата „Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ до крстосницата со улицата „11 Октомври“, сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на […]

Шилегов почна да ги руши галиите, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е предизборен маркетинг


Првата од трите галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата !!! Скопје, една поинаква приказна!, напиша денеска на Фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов и сподели фотографии од уривањето. Од друга страна, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ова е „чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов. Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе […]

Бугарија ќе биде домаќин на 30. Генерално собрание на АБНА-СЕ


Триесеттото Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА-СЕ)  ќе се одржи во Бугарија во 2022 година, одлучија едногласно денеска членовите на асоцијацијата во главниот град на Косово, Приштина. Од следната година Бугарската телеграфска агенција (БТА) ќе го преземе претседавањето со АБНА-СЕ. Генералниот директор на БТА, Кирил Валчев, предложи темата да […]

Пендаровски на изложба во Стоби: Да не се заборави наследството на Петар Хаџи Бошков (фото)


Претседателот Стево Пендаровски  ја посети изложбата на дела од реномираниот македонски скулптор Петар Хаџи Бошков, поставена во археолошкиот локалитет Стоби, а во рамки на проектот насловен „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“. Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на авторот, кои опфаќаат четиридецениски период од 1962 до 2004 година. Претседателот Пендаровски изрази […]

Се зајакнуваат турстичките потенцијали на Крушево со адреналински парк


„Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“, проект што се имплементира во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, кој е софинансиран од Европската Унија и Владата , со техничка помош од канцеларијата на Светска Банка во нашата земја, овозможува зајакнување на туристичките потенцијали на Крушево. Заменик-претседателот на Владата задолжен за […]

Да се дарува коскена срцевина, трансплантацијата за многу хематолошки болести единствен лек


Под слоганот „Дарителу, ти благодариме!“ годинава се одбележува Светскиот ден на дарување на коскена срцевина – во чест на сите оние кои спасиле живот дарувајќи коскена срцевина, а со цел подигнување на свеста на јавноста за важноста на дарување коскена срцевина и влијанието на трансплантацијата на матични клетки  врз животот на пациентите. На Универзитетската Клиниката […]

Во тек е пријавувањето на бруцоши за сместување во државни студентски домови 


Министерството за образование и наука ги потсетува студентите од прва година запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата дека во тек е аплицирањето за место во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија, за студиската 2021/2022 година. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 24-ти месецов. Условите, критериумите […]

Началникот на ГШ на Армијата Ѓурчиновски на заседание на Воениот комитет на НАТО


Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Атина учествува на редовното заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на генералштабови. На ова заседание, началниците на генералштабови на армиите на 30-те земји членки ќе дискутираат за стратегиски прашања поврзани со операциите, мисиите и активностите на НАТО, имплементацијата на воено-одбранбените […]

Арамиска пештера, капките вода чуваат тајни во Тиквешијата (репортажа)


Капките вода чуваат тајни во Арамиска пештера, една по една, ја создаваат уметноста на природата. Прекрасни украси и извонредна музика. МИА го имаше задоволството да ужива во прегратките на тоа камено царство во кое времето како да застанува, а проблемите како за миг да исчезнуваат. Убаво е да се почувствува тој допир на вечноста.   […]