Уапсен Бугаринот што пишуваше шокантни коментари на фејсбук за несреќата


Генералната дирекција за борба против организиран криминал приведе 24-годишник кој на Фејсбук напиша коментари за несреќата на автопатот „Струма“ на автобусот „Беса Транс“.

Апсењето е по сигнал за коментари некомпатибилни со моралните и етичките норми. На човекот може да му се суди според чл. 162 од Кривичниот законик за пропагирање омраза врз основа на националност преку социјални мрежи.

Најверојатно станува збор за постот што се вртеше низ Македонија и предизвика згрозување бидејќи во него несреќата беше наречена „нова македонска скара“ на која жртвите биле препечени, но останува надежта дека „настанот ќе се повтори“.