Каде е осмиот преживеан патник од автобусот во Бугарија?


Фото: Б. Грданоски

Бугарските истражители тврдат дека во автобусот имало 44 тела. Загатка е каде е осмиот патник којшто бил спасен – или сведочењата не се точни, или пак имало размена на патници меѓу автобусите

 

Каде е осмиот патник којшто ја преживеал автобуската несреќа во Бугарија? Ваквото прашање се наметна по денешната прес-конференција во Бугарија, каде тамошното обвинителство ги изнесе првичните сознанија околу причината за трагедијата на автопатот „Струма“, каде се запали автобус со патници од Северна Македонија. Медиумите изминативе денови информираа дека во автобусот имало 52 патници – 45 лица се тврдеше дека загинале, додека седуммина се во болница. Но, портпаролката на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева и бугарскиот заменик-јавен обвинител, Борислав Сарафов, фрлија сосема ново светло на случајот, наметнувајќи ја енигмата дека недостига еден патник. Според нив, на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела.

Линк од целиот текст на Дојче Веле тука