УКИМ ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска хибридно – во свечената сала за седници и онлајн, ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој. На настанот, кој со поздраво обраќање ќе го отвори ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, ќе бидат промовирани добитниците на годишните награди за најдобри научници и […]

Хоспитализирани 21 дете со Ковид-19, бројот на активни случаи се искачи на 8.000


Во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле хоспитализирани се 21 дете заболено од Ковид-19, од кои две се на кислородна поддршка. Хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години, изјави вчера за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири. Тој посочи дека сите деца се во добра општа […]

Oблачно и посвежо со ветер


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и посвежо, со појава на магла по котлините во утринските часови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Во југоисточните делови претпладне ќе има и услови за појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал 9 до 14 степени. Во Скопје и […]

Владата најавува дополнителни средства за заштита од енергетска сиромаштија


Владата на денешната 118. редовна седница донесе одлука за утврдување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата, поради недостиг на електрична енергија на домашниот пазар предизвикана со повремени испади на поголеми производствени капацитети и недостиг на енергенси за производство на електрична енергија и неможност испадот да се покрие со […]

Македонија ќе добие уште 3 милиони долари од Владата на САД за борбата против Ковид-19


Владата на САД денеска најави нови 2,7 милиони долари помош за земјата за борба против Ковид-19, преку УСАИД, кои ќе се надоврзат на неодамнешната донација во опрема и потрошни материјали во вредност од 400 илјади долари наменета за Северна Македонија за истата цел. Со ова, од почетокот на пандемијата, вкупната помош од САД за Северна […]

Корона вирусот го нападна ВМРО-ДПМНЕ, позитивен и Папазов


Покрај координарот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелина Петковска,  позитивен на коронавирус е и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Утрово правел тест и му била потврдена дијагнозата.  Тој само два дена претходно имаше контакт со сите градоначалници од ВМРО ДПМНЕ, но и со лидерот на партијата Христијан Мицкоски. На средбата […]

Се повеќе заразени со Ковид -19, за 24 часа регистрирани нови 677 случаи, починаа 13 лица, оздравеа 517


Во последните 24 часа од направени 3.317 тестирање, регистрирани се 677 нови случаи на КОВИД-19, 13 лица починале, а 517 пациенти оздравеле, посочуваат податоците од Институтот за јавно здравје, информира Министерството за здравство. Од новорегистрираните случаи најмногу има во Скопје – 279, следат Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, Кавадарци – 28, […]

Едукација за безбедно користење интернет во 10 основни училишта


Повеќе од 10 основни училишта во Скопје и целата држава ќе бидат опфатени со петтиот циклус на едукативната програма за деца „ Интернетот не e само игра. Кликај безбедно” на А1 Македонија, што продолжи и во учебната 2021/2022 година.  Активностите стартуваа деенска во О.О.У. „Коле Неделковски “ во општина Центар за учениците од 4-то одделение. […]

Љупчо Николовски бара од градоначалниците да ги регулирааат трошоците за кафани и службени возила


 Кабинетот на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, ги повика сите новоизбрани градоначалници да го следат примерот на Владата и да го регулираат начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци. -Локалните единици тоа може да го сторат, преку општинските совети со донесување на посебни акти со […]

Во болницата во Козле има 21 дете заразено со Ковид-19, од кои две се на кислородна поддршка


Во Институтот за белодборни заболувања кај децата – Козле се хоспитализирани 21 дете заболено од Ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба. Ова за МИА го изјави директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири. Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години. – Од заболените деца, 80 […]

Општина Центар распиша јавен повик за ангажирање на невработени лица


Во тек е јавниот повик на Општина Центар за ангажирање на невработени лица во проектот „Образование за сите“.Проектот има за цел да ангажира невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат за работно ангажирање како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, кои се вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на […]

Без вода дел од Чаир и Центар


Прекин на водоснабдувањето од 11.30 часот ќе имаат дел од корисниците во општините Чаир и Центар. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект 5/4 на улица „Џон Кенеди“ број 58, а со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од улиците „Џон Кенеди“, „Јоаким Крчовски“, „Банатска“ […]

Илбер Села и Фејзи Бојко добитници на државната награда „22 Ноември“


Државната награда „22 Ноември“ оваа година им се доделува на проф. д-р Илбер Села, политиколог и на писателот Фејзи Бојко, информира Министерството за култура. -Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, […]

Општина Аеродром ќе исплати субвенции и парична помош по конечното завршување на изборите


На граѓаните кои аплицирале за субвенции за велосипеди, како и за парична помош за првачиња и новороденчиња, средствата ќе им бидат исплатени веднаш по конечното завршување на локалните избори, информираат од Општина Аеродром. Граѓаните чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 50 […]

Еколинија за електричен и електронски отпад


Секој работен ден физичките и правните лица можат преку еколинијата 070/236 000 да пријават електричен и електронскиот отпад и правилно да се ослободат од него. Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ соопшти дека електричниот и електронскиот отпад делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали […]

Царовска во Краков: Училиштето е вистинското место каде од најрана возраст се учат и развиваат позитивните вредности


Министерката за образование и наука Мила Царовска на симпозиум во Краков, Полска, посветен на антисемитизмот, во организација на Европската еврејска асоцијација, истакна дека секоја генерација треба да се насочува кон стекнување вистински етички, морални и човечки вредности и кон препознавање на негативните општествени појави како дискриминација, омраза и нетолеранција, за да не дојде до нови […]

ПОЦ, покрај паркирањето, и ќе ја чисти Општина Центар


Јавното претпријатие Паркинзи на Општина центар, треба да почне со новата дејност, одржување на хигиената, а за таа цел средба остварија Горан Герасимовски градоначалникот на општина Центар со Васко Кичевски, директорот на ЈП „Паркинзи на општина Центар“ Неколкупати досега беше најавено дека ЈП ПОЦ, настрана од дејноста за,организирање, управување, уредување и одржување на јавните,паркиралишта ќе […]

Од 15 ноември задолжително носење зимска опрема


Од 15 ноември до 15 март е периодот на задолжително носење зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година). Како зимска […]

Отворен ден на УКИМ за претставување на студиските програми


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј-Скопје на 30 ноември ќе организира „Отворен ден на УКИМ” онлајн преку платформата Мајкрософт тимс (http://www.ukim.edu.mk/otvoren-den). – Целта на настанот е идните студенти на УКИМ да ги запознаат  одблиску професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, за можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните […]

Активни 7856 случаи со коронавирус, ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани


Активни случаи на коронавирус во земјава има 7859, меѓу кои се и новодијагностицираните 156 во вчерашната статистика. Речиси половина од вкупниот број активни, односно 3691, се во Скопје. Трицифрени бројки има во 13 општини, а две од нив имаат над 400: Битола – 484 и Куманово – 406. Најмногу од 156-те новозаразени (потврдени од 1309 […]