До вторник облачно и врнежливо, од среда стабилно со пониски температури


Фото: Б. Грданоски

До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Како што соопшти УХМР, повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец.

Стабилизирање на времето ќе има од среда со ниски утрински и дневни температури.