Прогласена кризна состојба во цела држава


Владата ја усвои одлуката за прогласување кризна состојба во наредите 30 дена поради ситуацијата со пожарите, соопшти првиот вицепремиер Артан Груби, во изјава за настан по повод 20-годишнината од Рамковниот договор. Груби рече дека претпладнево тој ја водел седницата на Владата, на која е прифатен предлогот на Управувачкиот комитет за прогласување кризна состојба на територијата …

Прогласена кризна состојба во цела држава Read More »

Вакцина вчера примиле 10.984 граѓани, досега вкупно 519.106 вакцинирани


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.905 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.984 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 932.603 дози вакцини, а …

Вакцина вчера примиле 10.984 граѓани, досега вкупно 519.106 вакцинирани Read More »

По пауза од 10 години повторно се доделуваат стипендии за постдипломски студии


Министерството за образование и наука (МОН) денеска соопшти дека по пауза од 10 години повтори ќе се доделуваат стипендии за постдипломски студии и оти конкурсите се во тек. – Откако пред 10 години беа укинати, од студиската 2021-2022 година Министерството за образование и наука повторно ќе доделува стипендии за студии од втор циклус во државата, …

По пауза од 10 години повторно се доделуваат стипендии за постдипломски студии Read More »

Преспанско и Дојранско Езеро испарија два сантиметри


За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а за еден на Преспанското, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа, нивото на Охридското Езеро е за четири сантиметри пониско од просекот за август, исто како и Преспанското, …

Преспанско и Дојранско Езеро испарија два сантиметри Read More »

(Видео) Хеликоптерите гасат во Пехчевско – полнат вода од браната во Берово


Утрово околу 9 часот почна гасењето на пожарот во Пехчевско од воздух. Пет хеликоптери од Србија и од Македонија, се упатија кон ова мало место на истокот на земјата, од каде вчера жителите преку социјалните мрежи повикуваа за помош.  Хеликоптеритње полнат вода од браната кај Беровското Езеро. Жители на Берово испратија видео-сминка до „Независен весник“ …

(Видео) Хеликоптерите гасат во Пехчевско – полнат вода од браната во Берово Read More »

Активни пожари во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион


Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија, како и месното население, објавија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).   Активни пожари, согласно состојбата до 8 часот утринава, има во битолскиот …

Активни пожари во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион Read More »

Пожарот кај Робово и Умлена сѐ уште активен


Огнената стихија сѐ уште ги става во опасност мештаните од селата Умлена и Робово кои се најзагрозени од пожарот кој цела ноќ гореше во нивна близина. Александар Мачевски, жител на Робово, утрово информира дека најкритична сѐ уште е ситуацијата кај Умлена каде во текот на ноќта пожарот се гаснеше интензивно и посочува дека тој е …

Пожарот кај Робово и Умлена сѐ уште активен Read More »

Три српски и еден македонски хеликоптер полетаа кон Пехчево


Три српски и еден македонски хеликоптер полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Тој на Фејсбук објави дека вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во овој регион. – По извршеното изведување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат …

Три српски и еден македонски хеликоптер полетаа кон Пехчево Read More »

Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори продолжува до 12 август


Поради летните одмори, Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори во претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, е продолжен до 12 август. Државниот завод за статистика, со цел да обезбеди доволен број на кандидати за попишувачи и инструктори од кои ќе може да направи избор на најдобрите кои ќе …

Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори продолжува до 12 август Read More »

Ангелов: Еден хеликоптер замина на извидување во реонот на Пехчево


Еден од петте хеликоптери замина на извидување во реонот на општина Пехчево, изјави утрово за МИА Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи. Станува збор за еден од петте хелокоптери за кои Ангелов вчера, преку својот фејсбук-статус најави дека ќе дејствуваат врз големиот пожар во реонот на општина Пехчево сè додека тоа го …

Ангелов: Еден хеликоптер замина на извидување во реонот на Пехчево Read More »

На Табановце за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути


На граничниот премин Табановце за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути, а на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини …

На Табановце за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути Read More »

Владата решава за воведување кризна состојба, ситуацијата со пожарите алармантна


Владата утрово во 08.30 часот ќе одржи седница за предлогот на  Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење од 30 дена поради состојбата со пожарите. -Донесена е одлука за кризна состојба за 30 дена на Управувачкиот комитет, а утре сабајле во 08:30 часот ќе се одржи седница на Влада и ќе се донесе одлуката, …

Владата решава за воведување кризна состојба, ситуацијата со пожарите алармантна Read More »

Најмногу новозаразени со Ковид-19 од средината на мај, бројот на активни случаи се зголеми на 770


Во земјава расте бројот на заразени со Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 164 нови случаи со Ковид-19, од направени 5.276 тестирања. Последен пат трицифрена бројка на нови случаи на инфицирани со коронавирусот беше регистрирана кон средината на мај. Најголем дел од новите случаи се во Тетово и тоа 60, Скопје 34, Гостивар …

Најмногу новозаразени со Ковид-19 од средината на мај, бројот на активни случаи се зголеми на 770 Read More »

Сончево со температура до 43 степени, попладне и во текот ноќта локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 43 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните и ноќните часови ќе …

Сончево со температура до 43 степени, попладне и во текот ноќта локален пороен дожд Read More »

Управувачкиот комитет и предложи на Владата да прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите


Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и предлага на Владата да донесе одлука за постоење на кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена, напиша на својот Фејсбук профил раководителот на група за процена и директор на Центарот за управување со кризи …

Управувачкиот комитет и предложи на Владата да прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите Read More »

Прва жртва од пожарот во Старо Нагоричане, спасен манастирот Св. Петка


Големиот пожар во Старо Нагоричане ја зеде првата жртва, тврдат очевидци за ТВ 24.Како што сведочат тие, жена, обидувајќи се да се засолни од огнот, се заклучила во куќа и не успеала да се извлече пред пламените јазици. Полицијата не може да го потврди ова сѐ додека не го најде телото. Моментално, тие немаат пристап до …

Прва жртва од пожарот во Старо Нагоричане, спасен манастирот Св. Петка Read More »

По 10.000 денари награда за пожарникари и граѓани кои помогнаа во гаснењето на пожарите


Владата одлучи да додели парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои дел пожарникари, а дел останати граѓани кои помогнаа во гаснењето на шумските пожари, кои ја зафатија територијата на државата.   Како што соопшти владината прес-служба, одлуката за одобрување средства од резервите на Буџетот за 2021 е донесена на денешната …

По 10.000 денари награда за пожарникари и граѓани кои помогнаа во гаснењето на пожарите Read More »

Нови кадровски решенија – Ацевски разрешен, в.д. директор на УХМР е Агим Муртезани


Владата на денешната седница донесе неколку кадровски решенија. Амир Шабани го именува за директор на Фондот за осигурување на депозити, а Дритан Имери за заменик директор на Државниот испитен центар. Ана Петровска ја разреши од должноста в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, а на нејзино место е назначен Сретен Стојковски. Костадин Ацевски е разрешен …

Нови кадровски решенија – Ацевски разрешен, в.д. директор на УХМР е Агим Муртезани Read More »

Стојанче Ангелов именуван за директор на ЦУК


Владата на денешната седница го именува Стојанче Ангелов за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Ангелов досегаше беше на истата функција, но како вршител на должност. По избувнувањето на пожарот во Кочани на 2 август и информацијата за несервисираните канадери, тој беше обвинет од опозицијата и од дел од јавноста, за лошо менаџирање …

Стојанче Ангелов именуван за директор на ЦУК Read More »

Противпожарни возила од Бугарија ќе ги гасат пожарите во пехчевско


 Помошта која што беше најавена од Бугарија од пет противпожарни возила пристигна на критичното подрачје зафатено со пожар кај маалото Пасјак во село Нов Истевник. Во разговорот со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и останатите надлежни,  одлучено е четири возила да одат кон Пехчево бидејќи таму ситуацијата е поалармантна, додека едно противпожарно возило ќе се …

Противпожарни возила од Бугарија ќе ги гасат пожарите во пехчевско Read More »