Силен земјотрес на македонско-грчката граница

За неколку минути следуваа три помали земјотреси во истото подрачје со јачина од 3,5 потоа 4,2 и 3,1 степен според Рихтер.


Предмалку почувстуван земјотрес во нашата држава, според првичните информации епицентарот е во регионот на Битола кон грчката граница.

Според ЕМСЦ потресот е регистиран со јачина од 5,8 според Рихтер, на 2 километри длабочина, точно во 22.43 часот. Подоцна јачината беше намалена на 5,5 степени според Рихтер.

За неколку минути следуваа три помали земјотреси во истото подрачје со јачина од 3,5 потоа 4,2 и 3,1 степен според Рихтер.

Земјотресот се почувствува во повеќе македонски граднови, но и во Скопје, иако е прилично далеку од главниот град, односно 137 км јужно.