Утрово најстудено е на Попова Шапка и во Лазарополе, минус 2 степена


Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Лазарополе со -2 степена измерени во 7.30 часот, а минусна е температурата и во Маврово, еден степен под нулата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Крива Паланка е измерен 1 степен, 3 степени во Виница, Битола, Крушево, Тетово и Куманово, 4 во  Скопје, Прилеп, Берово, Охрид и […]

Активни 8.037 КОВИД случаи, апел за што помасовна вакцинација


Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 8.037, од кои најголем број, 3.826 се во Скопје, покажуваат вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје. Регистрирани се нови 342 случаи на Ковид-19, од направени 2.349 тестирања, седум починати и 348 оздравени пациенти. Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така […]

Облачно со северен ветар и температура до 14 степени


Времето претпладне ќе биде променливо облачно со поголема облачност во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал 1 до 7, а максималната од 8 до 14 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со […]

Дури 70 отсто од медиумските работници известуваат од кризи без осигурување во случај на повреда


Воени конфликти, поплави, пожари, протести, а изминатата година и во време на пандемија – во сите овие кризни состојби новинарите, фоторепортерите, како и снимателите се на првата линија на фронтот за да ја информираат јавноста. Анкетата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), покажува дека новинарите и останатите медиумски работници најмногу работеле во […]

Богоевски: Данела сепак ќе троши во време на криза


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска преку видео обраќање соопшти дека главниот град за Нова година ќе биде украсен без пари. Таа избегнувајќи ги новинарите, соопшти дека со фирмата „Линк медиа плус“ спогодбено го раскинала договорот од 240.000 евра кој го склучи ексградоначалникот Петре Шилегов.   „На 10 декември започнува новогодишното украсување на Скопје. На […]

Без вода дел од Центар


 Прекин на водоснабдувањето од 18 часот ќе имаат корисниците на дел од улица „Партениј Зографски“ и потегот од улица „Ѓорги Скрижевски“ до улица „Востаничка“, во општина Центар. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради санирање уличен дефект од ф-150 мм на улица „Партениј Зографски“ број 13

Попова Шапка добива дополнителни паркинг места


Оваа зимска сезона на Попова Шапка ќе има дополнителни места за паркирање, информираат од ски-ценарот. Станува збор за две нови локации на ски-центарот кои се адаптирани за паркиралишта. –Покрај веќе познатиот паркинг спроти полициска станица означен како П1, оваа сезона се пуштени во целосна употреба и два нови постоечки паркинзи. Паркингот П2 е лоциран под […]

Четири факултети и 10 училишта ќе станат пристапни за лица со попреченост


Mинистерството за образование и наука посветено работи на обезбедување инклузивно образование. Образовните институции треба да бидат целосно пристапни и достапни и затоа, денеска на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост кој се одбележува преку пораката „Лидерство и учество на лицата со попреченост, кон инклузивен, пристапен и одржлив пост Ковид-19 свет“, го започнуваме проектот […]

Шахпаска: Малиот групен дом во скопски Капиштец е пример за вистинска грижа за децата со попреченост​


Инклузивноста во сите општествени текови е врвен приоритет за лицата со попреченост, порача министерката за труд и социјална политика  Трети декември го одбележуваме како Меѓународен ден на лицата со попреченост, но инклузијата на овие лица во општеството е процес кој трае 365 дена во годината.  Тие се дел од нашето секојдневно живеење, наши пријатели и […]

Судијата Трпков реизбран за претседател на подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје


Подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје на денешната седница повторно го избра за претседател на подружницата, судијата Илија Трпков. Реизборот на судијата Трпков, како што информираат, е поради претходните успешни активности и потврдена анимација на работата на Кривичниот суд Скопје. -Сето ова е во интерес на самите судии и сите принципи на обезбедување на […]

МЗ: Невакцинирани се 69 отсто од позитивните на Ковид-19 и 79 отсто од починатите


Во период од 6 август до вчера на територијата на државата 60.772 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од кои 31 отсто биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе месеци, 41.747, граѓани, односно 69 отсто од позитивните на Ковид-19 […]

Скопје, сепак, ќе биде украсено за Нова Година, наместо Градот тоа ќе го стори компанија


На 10 декември ќе почне новогодишното украсувањето на главниот град, најави денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Како што соопшти Град Скопје, на повикот на градоначалничката Арсовска до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат. -Ова е време кога треба да се менуваат […]

„Еко-свест“: Бернската конвенција со нови препораки за заштитените подрачја


Комитетот на Бернската конвенција, на овогодишното собрание, усвои нови препораки кои се однесуваат за Националниот парк Маврово, мрежата на Емералд подрачја, Охридското Езеро и Националниот парк Галичица, а се препорачува откажување на сите одобрени и планирани хидроцентрали во заштитените подрачја во Република Северна Македонија, соопштија од Центарот за истражување и информирање за животната средна „Еко-свест“. […]

Поставена пристапна рампа пред влезот во објектот на Општина Кисела Вода


Објектот на Општина Кисела Вода стана достапен за лицата со посебни потреби. На денот на одбележувањето на нивниот Меѓународен ден, пред влезот беше поставена пристапна рампа. Први ја искористија дечињата со церебрална парализа кои денеска беа на посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. – Сакам јасно да порачам дека Општина Кисела Вода ќе биде пример за […]

Со државна церемонија беше оддадена почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија


Со државно-воена церемонија, денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје беше организиран пречек на посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа на 23 ноември во Република Бугарија. Посмртните останки на 45 наши загинати сограѓани, кои со авиони на бугарската армија пристигнаа на аеродромот во Скопје, беа пречекани од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, […]

Нови 342 случаи на Ковид-19, оздравени 348, починале 7 лица


 Во последните 24 часа регистрирани се нови 342 случаи на Ковид-19, од направени 2.349 тестирања. Оздравени се 348 пациенти, а починале 7 лица, информира  Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новите случаи, во Скопје се 135, Битола 35, Велес 17, Прилеп, Кавадарци и Берово 16, Охрид 15, Куманово 13, Струмица […]

Герасимовски: За 100 семејства по 7.000 денари парична помош за новороденчиња


 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска посети дел од семејствата кои имаат принова и лично им ги врачи решенијата со еднократна парична помош во вредност од 7.000 денари. На средба со семејствата, Герасимовски однесе пригодни подароци и посака добро здравје и среќно и безгрижно детство за новороденчињата, соопштија од Општина Центар. Оваа недела Општина […]

Саит Саити: Волонтерите даваат сеопфатен придонес за општествениот развој


Со својата стручност, желба и мотивација волонтерите претставуваат незаменлив сегмент од севкупните општествени напори во обезбедување на најразлични услуги и сервиси за многу категории на луѓе изложени на најразлични ризици. Затоа, неопходно е да се воспостави волонтерски систем, преку кој секогаш ќе бидеме подготвени да се справиме со разни видови на здравстени и социјални предизвици […]

Ќотекот и натаму најупотребувано средство за дисциплинирање на децата


Државниот завод за статистика, во текот на 2018-2019 година го спроведе Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС), како дел од Глобалната програма MICS за состојбата на децата и жените.Техничката поддршка ја обезбеди Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), со финансиска поддршка од УНИЦЕФ, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Британската амбасада. Резултатите се објавени […]

Од следната година Гази Баба ќе доделува субвенции за велосипеди, тротинети и за вградување на уреди за гас во автомобилите


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, во просториите на општината, денеска на избраните граѓани ги додели решенијата за субвенции за купување на печки на пелети во висина од 536.600 денари, средства од општинскиот буџет. Пред присутните истакна дека за следната година средствата во буџетот за субвенции за печки на пелети ќе се зголемат на […]