Следува период на посвежо време, од среда пораст на дневните температури


Фото: Б. Грданоски

Следува период на посвежо време со локален слаб дожд, а на планините ќе провејува слаб снег. Утре ќе дува умерен со засилен ветер од северен правец.

Утринските температури за време на викендот ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневните од 6 до 14 степени.

Променливото време ќе се задржи до среда од кога се очекува намалување на облачноста и пораст на дневните температури.