Нормализирано снабдувањето со струја во југозападниот дел на земјава


Сите дефекти во преносната мрежа што се во делот на АД МЕПСО се отстранети. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места. Како што потврдија за МИА од МЕПСО, причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи. -Во југозападниот дел на земјава снабдувањето со електрична […]

Од Ковид-19 починаа вкупно 13 лица, регистрирани нови 377 случаи од 3.608 тестирани


Во последните 24 часа од 3.608 тестирања, регистрирани се 377 нови случаи на Ковид-19, од кои 164 во Скопје. Оздравеле 307 пациенти, а починале 12 лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Новозаразените се од Скопје – 164, Кавадарци – 31, Прилеп – 30, Битола – 24, Охрид – 16, […]

Забрани за движење на тешки моторни возила на повеќе патни правци


Поради врнежи од снег, на повеќе места низ државата денеска е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. ОД АМСМ информираат дека забрани за движење на тешки моторни возила има на патните правци: Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Маврово – Жировница, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, како и од Струга […]

Временските услови погодни за подготовка на тутунот за откуп


Повремениот дожд, врнежите снег на планините и пониските температури па и негативните утрински, во овој период од годината немаат некое поголемо значење за земјоделските култури. Според агрометеоролозите, ваквите временски услови се вообичаени за почетокот на декември, период кога земјоделците имаат и најмалку ангажмани. -Единствената работа која се препорачува и за овој период е примарната манипулација […]

УНИЦЕФ одбележува 75 години од основањето


На денешен ден пред 75 години беше основан УНИЦЕФ, со цел да одговори на критичните потреби на децата чиј живот беше разурнат од Втората светска војна. Додека се потсетуваме на минатото, предизвиците со кои се соочуваат децата денес бараат од нас да ја преомислиме иднината за секое дете да има подобро детство, подобра иднина и […]

Пендаровски прими трета доза вакцина против Ковид-19


Претседателот Стево Пендаровски денеска, заедно со вработените во Кабинетот ја примија третата доза вакцина против коронавирусот. -Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите, пишува Пендаровски на својот фејсбук-профил. Тој додава дека масовната вакцинација е најсигурен и најбезбеден начин за справување со КОВИД-19.

Општата болница Куманово целосно ќе се загрева на природен гас


Заврши гасификацијата на Општата болница Куманово, оваа здравствена установа целосно ќе се загрева со природен гас. За неполни две години оваа е втора гасификација на јавна здравствена установа, информира министерот за здравство Венко Филипче. На својот фејсбук-профил тој пишува дека лани во септември завршила гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир и […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка


Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка каде утринава до седум часот висината на снежната покривка изнесува 85 сантиметри, додека во Маврово и Лазарополе се наврнати 26 сантиметри. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Пожаране се наврнати 17 сантиметри снег, а во Претор четири сантиметри. Најстудено утринава е во Попова Шапка каде се измерени -6 […]

Активни 5.620 случаи со Ковид-19, делта сојот и натаму доминантен во земјава


Надлежните и натаму апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Досега во земјава не е регистриран случај со омикрон сојот на Ковид-19. Се уште доминантен е делта сојот, како кај нас, така и во дел од […]

Шахпаска: Од 1 јануари недела ќе биде ден за неделен одмор


Законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор ќе почне да се применува од 1 јануари наредната година. Ова со заеднички комисиски амандман го одлучија пратениците на денешната седница на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, каде Предлог законот за работните односи  помина во второ читање. Министерката за труд и социјална […]

Филипче: По изборот на новата Влада се враќам на Клиниката за неврохирургија


Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека веднаш по изборот на новата Влада, ќе се врати на својата основна професија, на Клиниката за неврохирургија. -Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Веднаш по завршување на владината реконструкција, се враќам на мојата основна професија како неврохрируг во Клиничкиот Центар, рече денеска Филипче во […]

Во Аеродром поставени хотели за опрашувачи, односно за пчели


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска оствари неформална средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј и со претставници на граѓанското здружение „Новинари за човекови права“. На средбата беше презентиран проектот „Хотели за опрашувачи“ во реализација на „Новинари за човекови права“, а поддржан од Британската амбасада во Скопје. Во рамките на настанот беа презентирани дрвените куќички […]

Петмина офицери од Армијата се вклучуваат во командната структура во НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со четворица од петтемина новоизбрани офицери од Армијата на Република Северна Македонија кои во следните четири години ќе извршуваат работни задачи во командните структури на НАТО. Заедно со уште еден офицер, кој веќе е во Измир во Турција, тие ќе бидат првата репрезентација на земјава што ќе […]

Регистрирани 361 нов случај со Ковид-19, починаа вкупно 15 пациенти


Во последните 24 часа направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на КОВИД-19, оздравени се 433 пациенти и регистрирани се осум починати лица, информира Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, регистрирани се нови заболени во Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, […]

Зибери: Недостига соработка со поголем дел од институциите за ефикасна заштита на правата на граѓаните


 Канцеларијата на Народниот правобранител направи анализа за периодот од јануари до август 2021 година за постапувањето на органите по барањата и другите интервенции на Народниот правобранител по претставките за заштита на човековите права. Во посочениот период, до Канцеларијата на Народниот правобранител стигнале 1760 претставки, од кои за 1097 омбудсманот отвори постапки и презеде дејствија или […]

Истражување: Потребно дополнително прецизирање на одредбите за изработка и донесување на урбанистички планови


Недоволна синхронизираност на законските норми овозможува појава на законски празнини, кои пак им овозможуваат на надлежните органи да ги зголемат дискреционите овластувања. Потребно е дополнително прецизирање на одредбите кои се однесуваат на постапките за изработка и донесување на урбанистички планови, но и да се зајакне транспарентноста и јавната контрола над работењето на органите и институции […]

Се решаваат проблемите на пазарџиите од „Буњаковец“


Проблемите со паркинзите, отпадот, доставата на роба до пазарот и околните маркети беа едни од главните проблеми кои граѓаните им ги презентираа на градоначалникот Герасимовски и на претставниците на општинските служби и ЈП „ПОЦ“ кои беа присутни на вчерашната средба. Во отворен разговор и дискусија со службите и градоначалникот, граѓаните имаа забелешки и за состојбата […]

Девет проценти од децата до 17 години имаат анксиозност, а два проценти страдаат од тага или депресија


Околу девет проценти од децата на возраст од 2 до 17 години имаат функционални тешкотии во најмалку еден домен, според одговорите на нивните мајки/старатели. По домени на тешкотии девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, додека два проценти страдаат од тага или депресија, покажува Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на […]

Средба на Шекеринска со новоизбраните офицери на работни задачи во командните структури на НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се сретне со новоизбраните офицери од Армијата на Република Северна Македонија кои ќе извршуваат работни задачи во командните структури на НАТО. Како што е најавено, по средбата просториите на Министерството за одбрана, министерката Шекеринска ќе даде изјава за медиумите на која ќе присуствуваат и офицерите

Вработените во УБК кој ги извадија прислушкуваните „бомби“ ja добиваат наградата „Мето Јовановски“


Во Кристалната сала на Собранието, во 13:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ ќе ја додели државната награда „Мето Јовановски“ за 2021 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Државната награда „Мето Јовановски“ за 2021 година им се доделува на Ѓорѓи Лазаревски […]