Католиците, протестантите и дел од православните верници го чествуваат Божик


Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божиќна света литургија. На литургијата присуствуваа определен број свештени лица и верници […]

Во пожарите што летото ја зафатија земјава изгореа 482 106 метри кубни дрва, штетата е 2 318 091 000 денари


Во периодот јуни – септември годинава, во земјава имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11 420 хектари површината под шума. Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482 106 кубни метри, а износот на проценетата материјална штета е 2 318 091 000 денари, покажува статистичкото истражување што го спроведе Државниот завод за статистика во […]

5.185 активни на Ковид-19, сојот Омикрон зема замав во светот


Првиот случај на сојот омикрон на вирусот SarsCoV2 во земјава е детектиран вчера кај маж кој допатувал од Велика Британија, а регистририни се и 333 нови случаи на КОВИД-19 со што бројот на активни случаи изнесува 5.185. Ширењето на сојот омикрон во земјите од соседството и Европа ги врати задолжителните маски на отворено, како и […]

Викендов потопло со утринска магла и повремен дожд


Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, a преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена, а во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне […]

„Детска градинка Волково“ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година


„Детска градинка Волково“ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година Претседателот Стево Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година „Детска градинка Волково“, Скопје на авторите Филип Конески и Даница Спасевска. Големата годишна награда е во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а претседателот Пендаровски […]

Почнува ноќното скијање во Ски – центарот „Попова Шапка“


Од вечерва, првпат оваа сезона започнува ноќното скијање во Ски – центарот „Попова Шапка“.   Ноќното скијање се организира во петок и сабота, од 19 до 22 часот. Цената на билетот е 700 денари.   Зимската скијачка сезона на Попова Шапка почна на 15 декември со промотивниот настан „Шарска белина – Шарска убавина“, првпат во […]

И утре нема да работат семафорите кај Народна банка


ЈП Улици и патишта ја повика полицијата да не дозволи утре да се направи метеж низ Скопје во периодот кога семафорите во централното градско подрачје нема да работат, односно од 8 до 15:30 часот. -Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај „Веро џамбо“, […]

Општина Битола ќе ја поддржи реконстуркцијата на планинарскиот дом „Копанки“


Општина Битола со пари од буџетот ќе  ја помогне реконструкцијата на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер.  Според нив, тоа е место  „за чаенки на нашите сограѓани, но и атракција за гостите на Пелистер“. „После повеќе состаноци со вљубениците во планината и планинарските спортови, првпат после 9 години, како претставници на локалната самоуправа се наоѓаме пред […]

Прв случај на Омикрон во земјава. Вирусот го има маж кој допатувал од Велика Британија


  Првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2 денеска е детектиран во  Македонија, информираат од Министерството за здравство. Ова беше очекувано, затоа што Омикрон варијантата е присутна речиси насекаде во Европа.  Здравствените власти информираат дека секвенционирањето е направено во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. […]

Жичницата до Водно почнува со работа следната недела – по четворица во кабина, со маски


Жичницата која пренесува патници од Средно Водно до Милениумскиот крст ќе почне да функционира во текот на наредната недела, информираат од ЈСП „Скопје“. Од ЈСП – Скопје информираат дека се завршени сите неопходни процедури за пуштање на објектот во функција од технички и безбедносен аспект, а одобрен е и Протоколот за работа на ќичницата во […]

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за прв мерен период за учебната година 2021/2022 година


Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2021/2022 година. – Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период […]

Едногодишно сираче од домот во Битола починало од Ковид-19


Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021. Како што наведуваат од ИЈЗ, според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола. […]

Уште 333 новозаразени, починаа вкупно 11 пациенти од Ковид-19


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 181, Прилеп и Битола – по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица – по 8, Велес и Кавадарци – по 7, Кичево – 6, […]

Пендаровски брифиран за подготвеноста на Армијата: Успешно положен тестот од првата годишнина како членка на НАТО


Пред претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Домот на Армијата во Скопје беше презентирана состојбата со борбената подготвеност на Армијата на Република Северна Македонија во тековната година, кое е редовна обврска на началникот на Генералштабот кон врховниот командант. На брифингот, од страна на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на […]

Со протест во Струга се бараше притвор за наставникот насилник


„Стоп на насилството“, „Бараме казна“, „Не сме безбедни“, со вакви пораки денеска средношколците од струшката гимназија „Ибраим Темо“ излегоа на протест пред Основниот суд во Струга по вчерашниот инцидент во кој професор со тврд предмет повреди нивни соученик. Гневни на одлуката на Обвинителство за ослободување на професорот бараа притвор за професорот насилник. Во знак на […]

Со грант од СБ ќе се уредува Кучково и ќе се набавува комунално возило


Локалитетот „Крст“ во Кучково добива амфитеатар, пешачки патеки, канделабри, хортикултурно уредување, а за Ѓорче Петров се набавува и комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во општинските средини. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и министерот за финансии, Фатмир Бесими го потпишаа договорот за реализација на проектот. Целта со уредувањето на локалитетот во […]

ПОЦ постави еколошка елка од рециклирани шишиња


 ЈП ПОЦ и Општина Центар ја поставија првата еколошка новогодишна елка направена од пластични шишиња рециклирани од страна на жителите кои повеќе од една година учествуваат во правилното справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки. Новогодишната елка висока 5 метри е изработена од повеќе од 500 употребени зелени пластични шишиња и ќе […]

МЗ: 67 отсто од новите случаи и 85 отсто од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани


Од 6 август заклучно со вчерашниот ден на територија на државата вкупно 66.857 граѓани се позитивни, од тестирани на КОВИД-19. Од нив 33 проценти биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица. Според статистика на Министерството за здравство за изминативе недели, 45.051, граѓани, односно 67 отсто од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. За вакцинирани се сметаат […]

Барања до Македонија да се справи со заканите од крајната десница


Македонија се соочува со повици да се справи со заканите од десничарските групи и крајнодесничарскиот екстремизам кога нејзината национална стратегија за борба против тероризмот ќе се обнови следната година. Сегашната стратегија, која го опфаќа периодот 2018-2022 година, се фокусира првенствено на верскиот екстремизам и исламската радикализација. Европската комисија вели дека земјата постигнала „извесен напредок“ во […]

Поставена првата еко новогодишна елка


ЈП ПОЦ и Општина Центар ја поставија првата еколошка новогодишна елка направена од пластични шишиња рециклирани од страна на жителите кои повеќе од една година учествуваат во правилното справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки. Новогодишната елка висока 5 метри е изработена од повеќе од 500 употребени зелени пластични шишиња и ќе […]