ЕБРД нема разбирање за Арсовска: „Стоиме зад проектот за автобуско метро“


  Проектот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, станува камен околу вратот за неговата наследничка Данела Арсовска поради тоа што таа сака да се дистанцира од сѐ што претходно се правело во градот. Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) по подолго молчење конечно проговори и рече дека тие детално ги проверуваат сите проекти […]

Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со заменик-амбасадорката на Велика Британија во земјава, Џулија Смит, претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција ди Џовани и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски присуствуваа на презентација на „Програмата за социјална кохезија и културен дијалог“, во детската градинка „Кочо Рацин“ во Скопје. Препознавајќи ја важноста на […]

Божиќна честитка на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов


Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати честитка по повод празникот Божиќ, што утре го слават граѓаните со католичка вероисповед. – „Денес во градот Давидов ви се роди Спасител – Христос, Господ. И ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли“ (Лука 2,11-12). Повеќе од две илјади години одекнува […]

Претпразничен Милионер Џек Пот во Струмица и во Македонска Каменица


Изминативе седум дена двајца играч станаа добитници на добивката Милионер Џек Пот на Видеолотарија Касинос Австрија. На 15 декември С.В. освои Милионер Џек Пот вреден 1.669.294 денари во Македонска Каменица, додека на 18 декември во Струмица И.К. освои добивка во износ од 1.605.304 денари. Премијата на Милионер Џек Пот се движи од 1.200.000 до 1.800.000 […]

Oд 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во строгиот центар на Скопје


Oд 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во строгиот центар на Скопје. Како што соопштија вчера од компанијата ЕВН, семафорите нема да работат оти овој дел од градот ќе биде без струја.   Од ЈП „Улици и патишта“, која е надлежна да ги регулира семафорите, го повикаа Министерството за внатрешни работи  да го […]

Годишно реферирање за борбената готовност на Армијата


Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира врховниот командат на вооружените сили и претседател на државата Стево Пендаровски за борбената готовност на Армијата во тековната 2021 година. На реферирањето, кое е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот, ќе биде презентирана состојбата во Армијата по функционалните области кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, моралот, операциите во земјата и […]

Викендов ќе се знаат резултатите од вештачењата за автобуската несреќа во Бугарија


Се наврши еден месец од автобуската несреќа во Бугарија, а бугарските истражни служби најавија дека резултатите од вештачењата – судско-медицинското, техничкото и пожарно-техничкото би можело да бидат готови и до 25 декември. Според шефот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, податоците покажувале дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а […]

Досега 222.333 ковид-дијагностицирани, за празниците нема да има нови мерки


Во земјава досега се регистрирани вкупно 222.333 ковид-дијагностицирани лица. Новата варијанта омикрон забрзано се шири како во светот, така и во соседството, иако кај нас уште не е регистриран ниту еден случај. Според надлежните, вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата, а за време на празниците не најавуваат нови дополнителни мерки. Според извештајот на Министерството за […]

МЗ: 67 проценти од новите случаи и 85 проценти од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани


Од 6 август заклучно со вчерашниот ден на територија на државата вкупно 66.857 граѓани се позитивни, од тестирани на Ковид-19. Од нив 33 проценти биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица.   Според статистика на Министерството за здравство за изминативе недели, 45.051, граѓани, односно 67 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.   За вакцинирани […]

Новогодишен Базар на рачни изработки во Рамстор Мол


Трговскиот Центар Рамстор Мол од 22.12 до 26.12.2021 ќе биде домаќин на новогодишниот базар на рачни избработки. Традиционално и оваа година во предновогодишниот период во просториите на Рамстор Мол ќе имате можност да ја збогатите вашата колекција со некоја од рачните ракотворби од вредните раце на македонските ракотвроци кои изработуваат уникатни парчиња накит и облека, […]

Од утре почнува ноќно скијање на Пониква


Од утревечер на Пониква почнува сезоната за ноќно скијање, што ќе се реализира на двете патеки што располагаат со ски-лифтови. Концесионерот на терените на Пониква, фирмата „Еурокомерц“ од Кочани, информираше дека патеките број 1 и 3 се подготвени со користење наменска машина – ратрак, а на посетителите им се нудат дополнителни можности за рекреација. -Последните […]

Најчевска реагира: Не си правна држава ако одново и одново легализираш дивоградби


Професорката по право, Мирјана Најчевска, го искоментира на социјалните мрежи предлог законот за легализација на дивоградбите со порака дека вака ако продолжиме, нема да ни треба Бугарија за да не влеземе во ЕУ.  „Ова е закон со кој се промовира неправото. Нема правна држава во држава во која одново и одново се врши легализација на […]

Судскиот совет се брани за Мијалков: Работиме според закон, а не политички влијанијаа


Имајќи го предвид јавниот интерес околу одлуката на Кривичниот совет од Апелациониот суд Скопје во врска со притворот на обвинетиот С.М. Судскиот совет известува дека согласно членот 2 од Законот за Судски совет, Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт, додека според членот 11 од Законот за судовите судијата одлучува […]

Собранието одржа четири седници и донесе повеќе законски решенија


Собранието во рамките на денешната работа по денвиот ред на  25-тата, 43-тата, 54-тата и 57-та седница едногласно со 61 глас „за“ и без расправа донесе повеќе законски решенија. Во рамките на 43-тата седница едногласно беа донесени Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот […]

Нови 269 случаи на Ковид-19, вкупно 15 починати


Во последните 24 часа, се регистрирани нови 269 случаи на Ковид-19 од направени 3.449 тестирања. Пријавени се вкупно 15 починати, седум во изминатотот деноноќие и осум преку системот „Мој термин“. Евидентирани се и 353 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новозаразените 269, од Скопје се 142, Битола […]

Северна Македонија и Србија добија стан на поранешна СФРЈ во Трст


Земјите наследнички на поранешна Југославија се согласија на Северна Македонија и Србија да и го доделат станот на СФРЈ во Трст, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Белград, станот од распадот на поранешната држава е во сопственост на Словенија, но во последните години го користел студентскиот дом „Среќко […]

Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро се многу загадени, покажа мониторингот


  Убавите езера во Македонија имаат силно загадени води. Мониторингот на водите на Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро се во Класа 4, што значи дека тие се силно еутрофични. Нивните води може да се употребува за други намени само по одредена обработка. До вакви сознанија се дојде по мониторингот на квалитетот на водите од трите […]

Дивоградбите на Попова Шапка ќе може да се легализираат


  На Попова Шапка има регистрирано околу 90 викенд-куќи кои се нелегално изградени, за кои нема ни Детален урбанистички план, но со новиот закон за легализација на дивограби, министерот за животна средина Насер Нуредини потврди дека ти ќе можат да се легализираат. „Тие кои се наоѓаат во зона за одржливо користење и заштитениот појас на […]

Коста Петров поднесе оставка од функцијата директор на ФИТР


  Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, денеска преку социјалните мрежи потврди дека поднесува оставка од својата функции, во објавата во која ги наведе резултатите од својата работа.   Според неговата објава, на ниво на портфолио, компаниите поддржани од ФИТР за период 2017-2020 оствариле кумулативен пораст на приходите од 50%, […]

Меморандум за соработка меѓу ЗНМ и Лекарската комора


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Лекарската комора со  Меморандум се обврзуваат заедно да работат на подигнување на нивото на соработка меѓу професиите кои ги застапуваат и унапредување на здравствената култура во нашата земја. Меморандумот за соработка денеска го потпишаа претседателите на двете организации, Младен Чадиковски и Калина Гривчева-Старделова. Како што соопшти ЗНМ, двете […]