Семафорите во центарот на Скопје утре нема да работат, ќе има ли метеж?


Утре во центарот на Скопје, од 8 часот наутро до 15.30 попладне, нема да работат семафорите во централното градско подрачје, кај факултетите, „Веро – Џамбо“ и околу паркингот кај „Холидеј ин“, соопштија од ЕВН.  Ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје,  поточно кај „Веро џамбо“, Кеј „13 Ноември“, Правен Факултет и улицата […]

Северна Македонија се приклучува кон ЕУ борбената група HELBROC


Северна Македонија се приклучува кон ЕУ борбената група HELBROC, која е под директна контрола на Советот на Европската унија и е дел од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата. Во борбената група HELBROC, која е предводена од Грција, со свои вооружени сили учествуваат и Бугарија, Романија, Кипар, Србија и Украина, соопшти Министерството за одбрана. […]

Насекаде под нулата, најстудено во Берово -13


Најстудено утрово е во Берово со -13 сетепени. Во Крива Паланка, Маврово и на Попова Шапка се измерени -11, во Скопје, Битола и Дебар -10, во Штип, Демир Капија и Крушево -9, Куманово, Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -6, Гевгелија -5 и во Дојран -2. Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, […]

Нема дополнителни рестриктивни мерки за празниците, се затвораат дел од ковид-центрите


Нема дополнителни рестриктивни мерки за празниците, а дел од ковид центрите се затвораат и целата интерна клиника се враќа во нормала, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче. Според него, сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа, што, како што рече, такви собири на јавни места има насекаде и пред Нова година. Практично, […]

Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево со мала локална облачност


Времето утре изутрина ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 9 степени. Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. Утре и за време на […]

Се запали автомобил во движење на патот Струмица – Ново Село, сообраќајот беше во прекин еден час


 Автомобил во движење се запалил на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село, поради што сообраќајот на овој патен правец беше во целосен прекин еден час При инцидентот нема жртви. Портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова за МИА информира дека автомобилот се запалил во 19:16 часот, поради што сообраќајот на овој пат беше во […]

Експресно одлучено Мијалков да остане во притвор


Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организирал криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го […]

Сообраќајот прекинат кај Мокрински Извори, по една коловозна лента кај Миладиновци поради одрон


Поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот на 10 километри пред Миладиновци е пренасочен само на една коловозна лента, во должина од 150 метри, соопшти вечерва АМСМ. Автомотосојузот информира дека на самото место на одронот, на патниот правец А2, Свети Николе – Миладиновци, е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и препорачува учесниците во сообраќајот да возат внимателно. […]

ЈО сега предлага притвор за Мијалков за случајот „Плацовите на Водно“


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека до Основниот кривичен суд – Скопје поднело предлог за определување на мерка притвор за Сашо Мијалков, по обвинение за „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот познат во јавноста како „Плацовите на Водно“. – По денешната одлука на Апелацискиот суд […]

Има ли превозници со валидни документи во Македонија?


Денеска на граничниот премин Табановце, при излез од државата, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Тетово. Притоа, едниот возач В.Д.(39) од Тетово приложил фалсификувано лекарско уверение, а другиот возач Ш.О.(49) од Гостивар не поседувал лекарско уверение. За настанот бил известен јавен обвинител и по […]

За СДСМ скандалозна е одлуката да се прекине притворот на Мијалков


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, ја нарече скандалозна одлуката на Апелацискиот  суд  да се укине мерката притвор за Сашо Мијалков.    -Денеска целата македонска јавност е сведок на силен удар врз правдата од страна на судиите во Апелацискиот суд во Скопје.Скандалозна е одлуката на судот да ја прифатил гаранцијата со што на лицето Сашо Мијалков […]

Вишото јавно обвинителство било против укинување на притворот на Мијалков


Вишото јавно обвинителство Скопје дало негативно мислење за жалбата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, против одлуката за притвор и понудената гаранција односно барало тој да остане во притвор. Сепак, советот во скопска Апелација одлучи жалбата да се прифати и го преиначи решението за притвор. Притоа, прифати гаранција од 11 106 501 евро дека нема да избега […]

Опозицијата се сомнева дека пожарот во ЈП „Улици и патишта“ е подметнат


ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека синоќешниот пожар во бараките на јавното комунално претпријатие Улици и патишта – Скопје е намерно подметнат. „Утринава се случи четврт пожар во државна институција. Пожарот во ЈП Улици и Патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за Животна средина, Министерството за правда. Во сите четири институции запалени […]

Данела Арсовска избрана за претседател на ЗЕЛС


Градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска е нов претседател на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). За потпретседатели се избрани градоначалниците на Чаир и на Валандово, Висар Ганиу и Перо Костадинов.   -Управниот одбор денеска едногласно ми ја даде својата доверба во следниот четиригодишен мандат да го водам ЗЕЛС како негов претседател. […]

Нови 320 заразени со корона вирус, вкупно 15 починати


Во последните 24 часа регистрирани се 320 нови случаи на Ковид-19, од направени 3.366 тестирања. Во истиот временски период регистрирани се и осум починати лица, но и 214 оздравени пациенти.   -Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на Ковид-19. Од […]

Србија купи удел од Северна Македонија над зградата на Амбасадата во Берн


Српскиот амбасадор во Швајцарија Горан Брадиќ, по овластување и наредба на министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, потпиша купопродажен договор со амбасадорот на Северна Македонија во Швајцарија, Кенан Рамадани, за купување на косопственичкиот удел на Северна Македонија над зградата на Амбасадата на поранешна СФРЈ во Берн, јави дописникот на МИА од Белград. Во следните 30 […]

Мијалков излегува од притвор, Маричиќ остро против


  Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата вредна 11.106.501 евра (во движен и недвижен имот), па поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалов, излегува од притвор, јави „360 степени“. Била прифатена жалбата на Мијалков и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелацискиот суд сега му одредил на Мијалков мерка на претпазливост, односно […]

Филипче не го познава но сака да му го пренесе искуството на Сали


Министерот за здравство Венко Филипче кој од декември 2017 година е на чело на здравството, а според новиот коалициски партнер СДСМ треба да биде заменет со Беким Сали од Алтернатива, рече дека не го познава лично но и дека сака да се сретне со него да му го пренесе искуството. Филипче денеска при посетата на […]

Планета Ѕвездалија – тридневна новогодишна креативна бајка во Паркот на Франкофонијата


Неколку дена пред почетокот на новата година, Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се претвори во Планета Ѕвездалија – место полно со креативност, магија, забава и детски насмевки. На Планета Ѕвездалија ќе се раскажат најубавите приказни за другарството, прифаќањето, инклузијата и здравата животна средина и ќе се изработат најоригиналните новогодишни честитки, лампиони, писма до Дедо […]

Реновирани просториите на Клиниката за ортопедски болести


Во реновираните простории на Универзитетската Клиника за Ортопедски болести која се наоѓа во најстарата зграда на Клиничкиот центар на простор од 1.300 метри квадратни во 20 болнички соби ќе има можност да се сместат и третираат 70 пациенти во најсовремени услови. -Огромен број на експерти работат тука, огромно искуство е кулминирано тука на оваа Клиника, […]