Договорено да се формира Национална комисија во која ќе има и родители за надминување на проблемите во образованието
Да се формира Национална комисија во која, во рамките на Министерството за образование, ќе учествуваат и родители, за да се надминат проблемите од спроведувањето на новата концепција во основното образование, било договорено на денешната средба меѓу група родители и наставници од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има” со новиот министер за образование и наука Јетон Шаќири.
Драгана Спасовска, родител и претставник на родителите, по средбата појасни дека начелно, целта била да се предложи, да се воспостави партнерски однос меѓу родителите и родителските организации и МОН за решавање на проблемите кои произлегоа од новата концепција за основно образование, но и некои други проблеми кои произлегоа во образованието.
Начелно, министерот се согласл да се оформи такво работно тело на родители во склоп на МОН.
– Задачите на тоа работно тело би биле следните:
– да се спроведе преоценување на концепцијата за основното образование и дискутирање на проблемите кои произлеога од нејзината имплементација;
– Формирање на Национална комисија за образование која треба да обезбеди широко учество на јавноста во креирањето на образовните политики и тука треба да влезат институции, а не поединци како што тоа беше претходно во минатото работење на министерството.
– анализи и подготовка на предлози за измени на Законот за основно обрзование и други законски и подзаконски акти од областа на образованието за засилено учество на родителите и учениците во основното образование и лобирање и обезбедување на општествена поддршка преку јавна расправа во Собранието на Македонија.
– Очекуваме дека министерството во скоро време ќе ја формира оваа работна група на родители и со таа работна група заеднички со министерот и со министерството ќе пристапиме кон решавање на бројните проблеми коишто ги остави претходната министерка Царовска – рече Спасовска.
По одлуката којашто Народниот правобранител ја донесе по основ на нивната претставка, тоа е и обврска на МОН заеднички да се решат проблемите коишто се наметнати од концепцијата.
Спасовска појасни дека Народниот правобранител донел и предлози за решавање, да се надминат тие проблеми.
Сепак, решението не може да се одвива наеднаш, меѓутоа етапно ќе има доста работа за да се надминар тие проблеми.
– Се надеваме дека ќе работат на тоа, даваме време и простор, но многу е важно родителите да бидат вклучени во работата на министерството и стручната фела, педагошките факултети, затоа напоменуваме дека таа Национална комисија мора да постои, а не да одлучуваат поединци и невладини секотори во министерството. Треба да се оформи Национална комисија со стручни тела и родители и сите заеднички да ги надминеме овие проблеми, затоа што сите имаме деца и сите трерба да работиме на реформи по мерка на ученикот со длабоко истражување, длабока стратегија, длабока анализа и ревизија на концепцијата да се согледаат недостатоците,а потоа да видиме што треба, а што не -додаде Спасовка.
Прашана за тоа дали уќениците уште треба да носат маски за заштита од Ковид-19 додека се на настава, таа рече дека Комисијата )за заштита од заразни болести) одлучи дека треба да се тргнат маските, но во кафулиња и во ресторани, каде заразата може да се шири, тогаш треба да се размисли и за децата, кои се во развој и им треба воздух. Предложи и со затоплување на времето, наставата да се изведува надвор.
формира