Сали ја презеде функцијата министер за здравство од Филипче


Беким Сали денеска од Венко Филипче ја презеде функцијата министер за здравство. – Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста […]

Брнз кај Ковачевски: Енергетските проекти приоритет за двете земји


  Американската амбасадорка Кејт Брнз денеска на средба со премиерот Димитар Ковачевски му го честитала изборот и му рекла дека Македонија е во во врвот на приоритетите на меѓународната политика на САД. Ковачевски и Брнз разговарале за продолжување на економската соработка „со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и […]

Јетон Шаќири ја презеде функцијата министер за образование и наука


Јетон Шаќири денеска ја презеде од Мила Царовска функцијата министер за образование и наука во новиот состав на Владата. -На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири, му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се […]

Никола Тупанчески ја презеде функцијата министер за правда


Поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ денеска во Министерството за правда му ја предаде министерската функција на својот наследник Никола Тупанчески, при што му посака среќа и успех во извршувањето на функцијата, со уверување дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите кои се од круцијално значење за напредокот и евроинтеграцијата на државата. Информирајќи за […]

Од петок влажен бран со врнежи од снег


Од утре до четврток времето ќе биде стабилно. Утре со засилен северен ветер, а во следните два дена со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР влажен бран со врнежи од снег очекуваат од петок. Времето денеска е променливо облачно со слаба магла по одделни котлини, во источните делови посончево. Во […]

Во мене гледате сојузник, им порача министерката Петровска на припадниците на Армијата и на МО


Почитувани припадници на Армијата и на МО во мене гледате сојузник со кој заедно ќе ги надминуваме сите предизвици. Сите ние заедно пред се почитувајќи се меѓу себе сме дел од еден заеднички тим, тим наречен Република Северна Македонија.  Денес ја преземам функцијата министер за одбрана во едни многу поинакви општествено-политички околности отколку оние што […]

Млада битолчанка на 33 години почина на Инфективно, наредена обдукција


  БИТОЛА – Млада жена на 33 години утринава почина на Инфективното одделение во Битола. Од Клиничката болница Битола велат дека  жената не била позитивна на вирусот, но е хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19. Поради брзата смрт побарана е судско-медицинска обдукција врз телото на починатата со цел да се утврди причината за смртта. Драматична е […]

Јованка Тренчевска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика


  Во Министерството за труд и социјална политика денеска се изврши примопредавање на функцијата министер за труд и социјална политика. Новоименуваната министерка Јованка Тренчевска ја презеде функцијата од досегашната министерка Јагода Шахпаска. Со тоа министерката за труд и социјална политика Тренчевска и официјално го започнува управувањето со овој сектор. „Чест и задоволство ми претставува да […]

Секоја одлука ја носевме исклучиво во интерес на здравјето и заштита на граѓаните, вели Филипче


Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во денешното видео обраќање истакнува дека му било чест и задоволство во изминатите четири години да им служи на граѓаните заедно со кои, како што посочува, поминале многу во историски најтешкиот период за македонското здравство, а поддршката која ја добивале им давала сила да продолжат напред и да ја […]

Најстудено во Берово -10, на Шапка 36 сантиметри снег, во Маврово 13


Најстудено утрово е во Берово со -10 и во Скопје и Битола со -8. Во Крива Паланка, Демир Капија, Струмица се измерени -7, во Тетово, Прилеп, Штип, Куманово -6, Гевгелија -5, во Охрид, Крушево, Дојран, и Попова Шапка -2, а во Маврово -1. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 36 сантиметри, во Маврово […]

Бројот на активни случаи од 1 јануари зголемен за 11.000, процентот на позитивност викендов околу 22


Од почетокот на јануари 2022 година до вчера, за 16 дена, бројот на активни случаи се зголемил за над 11.000. Ако на 31 декември 2021 година, бројот на активни случаи беше 5.006, вчера тој изнесуваше 16.132. Процентот на позитивност за време на викендот е околу 22 процент. Во претходното деноноќие беа регистрирани 1.348 нови случаи […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 17 јануари 2022 година, 17-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 348 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 28 минути. Денов трае 9 часа и 29 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Утре променливо облачно, во западните делови повремен дожд и снег


Времето утре ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието […]

Регистрирани нови 1.348 случаи на КОВИД-19 од 6.141 тестирани, починаа осум лица


Во последните 24 часа, регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19 од направени 6.141 тестови. Евидентирани се осум починати лица и 784 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новозаразените, од Скопје се 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и […]

Десетто издание на Меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2022“


„Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ ќе биде во фокусот на дискусиите на десеттата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“ што од утре ќе се одржува во Охрид. На собирот, организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето […]

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено утрово е во Берово со -11 степени, во Маврови Анови се измерени -10, во Крива Паланка – 8, во Битола, Штип и Попова Шапка -7, во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево – 6, во Охрид – 5, Скопје-Зајчев Рид, Виница, Претор  – 4 и -3 во Куманово. Нула степени се измерени во […]

Активни над 15 илјади случаи со КОВИД-19, регистрирани 184 реинфекции


Бројот на активни случаи со КОВИД-19 во земјава изнесува 15.576, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата кај нас достигна 243.284. Во последното деноноќие се направени 7.564 тестирања, а регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19. Од новодијагностицираните, во главниот град се 785, а следни со најмногу заразени се Прилеп – 121, Битола – […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 16 јануари 2022 година, 16-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 349 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 27 минути. Денов трае 9 часа и 28 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Регистрирани нови 1.635 случаи на КОВИД-19 од 7.564 тестирани, девет лица починаа


Регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19 од направени 7.564 тестирања во последните 24 часа. Починати се девет лица, сите во болнички услови, а оздравени се 1.276 пациенти, соопшти Министерството за здравство.   Од новите случаи на КОВИД-19, најмногу има во Скопје – 785, Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78, Кичево – 47, Кавадарци […]