(Во живо) Презентација на загадувачите на воздухот во Скопје


Скопје од Водно

Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“ финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА), денеска се одржуба презентација на студијата за откривање на извори на загадување на воздухот во градското подрачје на Скопје.

Студијата е изработена со софистицирана лабораториска опрема на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип која прецизно ги анализираше и утврди поединечните извори и видови на загадувачи на воздухот во Скопје.

Како што посочија организаторите, собирањето примероци за загадувачите врз кои е направена анализата во лабораториски услови се одвиваше од октомври 2020 година до ноември 2021 на две постојани и три мобилни локации во Скопје.

Постојаните локации за  мониторинг се наоѓаат во општина Карпош, како репрезентативна урбана локација без директна изложеност на значајни извори на загадување и во Ново Лисиче, како урбана локација која е изложена на загадување кое доаѓа од повеќе извори:  сообраќај, загревање на домаќинства со огревно дрво, индустрија итн. 

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот во  градот Скопје“ го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.