Петличковски: Ивермектин не е лек за Ковид-19


Ивермектин не е лек што треба да се препише за болни од Ковид-19, но затоа пак изработени се препораки за лекарите кои лекуваат вакви пациенти, кои пак, ќе претрпуваат измени, како ќе се појавуваат нови сознанија во врска со лекувањето на оваа болест.  Ова го истакна д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заштита од […]

Бочварски најави силна градежна активност во пелагонискиот регион


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најави дека оваа година во пелагонискиот регион ќе има силна градежна активност. На денешното поставување камен-темелник на новиот 400 киловолтен далекувод кој ќе тргнува од трансформаторската станица „Битола 2“ Бочварски потврди дека е завршен тендерот за патниот правец Битола-Меџитлија кој води до границата со соседна Грција. Воедно најави […]

Денеска 1.117 нови случаи на Ковид-19, починаа 22 пациенти


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.513 тестови, а регистрирани се 1.117 нови случаи на ковид-19, при што најголем број нови случаи има во Скопје – 575, Велес – 63 и Куманово – 56. Од вкупниот број на позитивни лица, регистрирани се 154 […]

Петличковски: Голем дел на високата смртност од Ковид-19 се должи на нашето запоставено здравје


Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност од Ковид-19 е резултат на непочитување на протоколите. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, истакна денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Според Петличковски, сите здравствени работници најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. -Во ниеден […]

(Видео) КЗЗ: Утре почнува скринингот во основните училишта


Тимови и здравствени работници се обезбедени, да почнат со скрининг за Ковид-19, во основните училишта од утре, соопшти портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Mехмедовиќ. Според него, во моментот, во основните училишта има повеќе деца со Ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна. Затоа утре ќе се почне со […]

Матичните лекари утре штрајкуваат, нема да издаваат упати и рецепти


Матичните лекари утре ќе протестираат, најавувајќи дека утре не планираат да издаваат рецепти, ниту упати од „Мој Термин“, а ќе примаат само итни случаи. Велат дека итно бараат основен пакет на услуги за пациентите, зголемување на капитацијата, како и да нема казни за матичните лекари за административни пропусти во пандемија. Матичните бараат и воведување на […]

Пензионерскиот синдикат бара усогласување на пензиите од 1 април


Пензионерскиот синдикат на Македонија (ПСМ) бара почитување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, односно спроведување на членот 37, став 4 и 5 поради, како што соопшти, лошата состојба предизвикана од економската, здравствената и енергетската криза, во којашто се наоѓаат пензионерите. Од Синдикатот сметаат дека порастот на минималната плата и порастот на просечната плата во изминатиот период […]

До недела сончево и потопло, од понеделник дожд и снег


В петок и во сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми, и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник претпладне, кога поради заладувањето, врнежите ќе бидат од снег […]

„Аџибадем Систина“ со кампања „Вашето здравје во сигурни раце“ – бесплатни консултации и намалени цени за онколошките пациенти


Според истражувањата, во текот на животот еден од пет мажи и една од шест жени ќе заболат од карцином. Малигните болести, според стапката на смртност, се на високото второ место, веднаш зад кардиоваскуларните болести. Бројките се загрижувачки, но онколозите охрабруваат дека денес имаме можности за користење современи дијагностички методи за рано откривање и современи начини  […]

Планини ѓубре посакуваат добредојде во Гази Баба, ги гледа ли Арсовска?


Фотографии од диви депонии на влезот во Општина Гази Баба споделија денеска од владејачката СДСМ, поради што тврдат дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ја лаже јавнодат дека исчистиле 150 депонии за 82 дена. – Градоначалничката на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска не ја зборува вистината кога тврди дека исчистила 150 депонии во првите 82 […]

Нема влошување на епидемиолошката состојба, во Скопје продолжува скрининг-тестирањето


Засега нема влошување на епидемиолошката состојба во државата, а надлежните остануваат на ставот граѓаните да ја примат и третата доза вакцина против КОВИД-19 како најдобра заштита од вирусот. Во сила остануваат истите мерки, откако Уставниот суд вчера не поведе постапка по иницијативата за укинување на КОВИД сертификатите. Уставниот суд на вчерашната седница не поведе постапка […]

Претпладне облачно, попладне сончево и потопло


Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, на крајниот југоисток со слаб дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 17 февруари 2022 година, 48-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 317 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 29 минути, а ќе зајде во 17 часот и 7 минути. Денов трае 10 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

За Ковачевски предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите е паушален


Регулирањето на цената на увозните производи се однесува и на цените на горивата. Најпрвин ќе бидат направени анализи, а потоа ќе се соопштат мерките и идните планови за задржување на ценовната стабилност на максимално можно ниво, но и задржување на стандардот на граѓаните, рече премиерот Димитар Ковачевски во  ТВ Сител, прашан дали Владата планира одредени […]

Врховниот суд ја укина пресудата за судијата Владимир Панчевски


По само две недели поминати во затворот во Шуто Оризари, поранешниот судија и претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски, ќе излезе надвор бидејќи Врховниот суд ја укина пресудата на Апелацискиот суд од Скопје. Панчевски во Шутка влезе на 3 февруари, а треба да излезе во текот на утрешниот ден. Панчевски беше осуден за […]

Починаа уште 36 пациенти со Ковид-19, новозаразени се 1.091


Од 3.702 тестови регистрирани се 1.091 нов случај на ковид-19 во последното деноноќие, јави Министерството за здравство. Процентуално земено, секој трет направен тест бил позитивен. Најголем дел од новите случаи биле од Скопје – 586, потоа Битола – 58, Куманово – 52, Тетово – 44, Кавадарци и Велес – по 39. „Од вкупниот број на […]

Сали – Клуге: Македонија посветена на инвестирање во здравствените реформи


Министерот за здравство Беким Сали денеска одржа онлајн средба со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге, на која изрази благодарност за континуираната поддршка од СЗО за унапредување на здравствената заштита во државата и во заедничката подготовка на „Патоказот со земјите од Западен Балкан“.   – Република Северна Македонија е посветена […]

Работна група ќе ги утврдува причините за испадот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија што го остави Скопје без струја


Формирана е работна група составена од стручни лица вработени во компанијата со единствена задача да ги лоцира причините за прекинот во снабдувањето со електрична енергија по испадот во напонската мрежа што се случи во неделата на 13 февруари во 17:20 часот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија поради кој неколку општини во Скопје, делови од […]

Завршни зборови на обвинителството за случајот „Топлик”


Од изнесените докази во текот на постапката во целост се потврди дека дејствијата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и членовите на Комисијата за јавно наддавање и нанеле штета на Буџетот на државата во висина од еден милион евра, како исплатена камата на израелската фирма „Сан сити” поради неспроврдливоста на договорот од спроведеното […]

Помошта за пензионерите најверојатно ќе биде скалеста, оние што имаат најмали пензии ќе добијат најмногу


Премиерот Димитар Ковачевски најави дека в петок ќе се одржи првиот состанок за можноста за промена на методологијата за пензиите, која ќе треба да овозможи одржливо зголемување на пензиите, но и дека ќе се прават анализи за финансика помош на пензионерите. На начин на кој беше направена новата методологија за минималната плата што овозможи нејзин […]