Голем пожар над Елен Камен во Струга
Голем пожар попладнево избувнал во шумата над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда. Според информации од очевидци на местото на настанот огнот многу бргу се шири поради силниот ветер, јавува Сител.
Локалните жители стравуваат дека може да бидат зафатени и куќите.
Во моментов на терен работат екипи на против пожарната бригада, но како што сведочат очевидците, силниот ветер е голем проблем и веќе зафатил голем предел.
За пожарот веќе се известени сите надлежни институции.
Шумски пожар во непосредна близина на туристичката населба Елен Камен во близина на село Радожда. Се интервенира со две противпожарни возила и 6 пожарникари и тројца вработени во ШС Јабланица-Струга. Гори дабова и ниско стеблеста шума. Проблем во гасењето на пожарот прави и ветерот кој дува преку целиот ден. Моментално нема опасност од загрозеност на објекти но поради ветерот екипа на ТППЕ-Струга постојано ќе го контролира опожарениот простор во текот на ноќта, информира ЦУК.