Почна да паѓа гипсената фасада на Владата


 

Орнаментите и фасадата на зградата на Владата почнаа да попуштаат. Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, објави фотографии на неговиот Фејсбук профил на кои се гледа дека дел од фасадата  од владината зграда паднал во тревникот. Најголема штета е видлива кај украсните елементи, на ѕидот на една од кулите. 

„Криминалот на режимот на ДПМНЕ сѐ уште го плаќаме“, напиша Богоев.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе има донесено наредба за спроведување на истражна постапка за фасадата на зградата на Владата. Во истрагата се опфатени четири лица кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и осветлување.