Епидемилошката ситуација се смирува, но остануваа потребата од сертификати


Во наредниот период треба да очекуваме дека ќе се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата. Веќе се наоѓаме во онаа надолна крива на епидемиолошката состојба, истакна денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања. Тој претходно на прес-конференција ги соопшти двете нови мерки кои ги предложи Комисијата по одржаниот состанок, а […]

Фоторепортажа: Скопјани со „слалом“ од Католичка до Универзална


Малку дожд и скопските улици се претвораат во невозможна мисија за пешаци. Треба да се внимава некој возач да не те испрска, да не згазите во вирче, да не поминете под олук… Тротоарите, наменетеи за безбедно поминување на пешаците, најмалку им го овозможуваат тоа на скопјани.  Во продолжение видете ги фотографиите од една обична прошетка […]

Арсовска: Реконструкцијата на Универзална оди бавно, оти проектот не бил безбеден


Универзалната сала во Скопје се реконструира, но со намалена динамика, затоа што се откриени  проблеми во проектот, кои може да предизвикаат загрозување на безбедноста на граѓаните, тврди градоначалничката Данела Арсовска. – Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на […]

Битиќи и Нуредини на средба со Стопанската комора на Дубаи


Северна Македонија нуди широка лепеза на можности за инвестиции во производството, енергетиката, градежништвото, туризмот и земјоделството, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во седиштето на Стопанската комора на Дубаи каде заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини остварија средба со претседателот и извршниот директор Хамад Буамим и потесниот менаџмент на […]

Во ЕУ по 505 килограми комунален отпад по глава на жител, кај нас 441


Во просек секое лице во ЕУ во 2020 година создало по 505 килограми комунален отпад, од кои околу 48 проценти биле рециклирани. Меѓу земјите-членки на ЕУ, најмногу комунален отпад создале Данска и Луксембург со 845 кг и 790 кг по глава на жител, додека најмалку Романија (287 кг), Полска (346 кг) и Унгарија (364 кг). […]

Наредните денови пониски утрински температури, најстудено в петок


Врнежите што денеска ја зафатија земјава со помал интензитет ќе продолжат и преку ноќта, кога ќе завршуваат повлекувајќи се кон југ и исток. До четврток ќе дува засилен северен ветер, повремено со над 60 километри на час, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе бидат се пониски, а најстудено ќе е в петок […]

Уставот не предвидува можност за уставна тужба за нарушени права за здрава животна средина


Во Република Северна Македонија граѓаните не може да поднесат барање доколку сметаат дека им се нарушени слободите и правата за здрава животна средина. Ова се коси со секоја заложба за унапредување на правата и зајакнување на демократските капацитети во една држава, затоа што развојот на технологијата носејќи ги со себе бенефитите и алатките за подобрување […]

Преку проектот „За безбеден град“ до побезбедни училишта во Скопје


Во Големата сала на Советот на Град Скопје, се одржа меѓуинституционална кординативна средба за продолжување на проектот „За безбеден град“. На средбата учествуваа претставници од средните училишта на Град Скопје и претставници од Одделението за превенција при СВР Скопје, со цел утврдување на понатамошните насоки и активности поврзани со реализацијата на овој проект, согласно со […]

Минатата недела помалку заболени и починати од Ковид-19, во 20 случаи откриена стелт варијатата


Во периодот од 14 до 20 февруари регистрирани сe 6.119 нови позитивни ковид случаи, што е за 29,2 отсто пмалку во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје,тестирани се вкупно 23.396 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и […]

Австралија ја затвори амбасадата во Украина, на дипломатите им наложи да ја напуштат земјата


Австралија времено ги суспендира активностите на својата амбасада во западниот украински град Лавов „поради зголемениот ризик“, изјави денеска австралиската министерка за надворешни работи, Марис Пејн. Австралија на 13 февруари времено ги суспендираше своите активности на амбасадата во украинскиот главен град Киев, а потоа ги пресели своите операции во привремена канцеларија во Лавов. Во изјавата, Пејн […]

Анксиозноста кај младите во време на пандемија, прва тема на Отворените разговори за менталното здравје


Под наслов „Пандемија во пандемија. Криза на менталното здравје. Знаеме ли што ни се случува?“ од денеска, започнуваат Отворените разговори за менталното здравје во организација на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“. Како што најавуваат организаторите, Разговорите ќе се одржуваат онлајн на платформата Зум, а првата тема им е посветена на младите во време на пандемијата и […]

Облачно со дожд и постудено


Времето денеска ќе биде претежно облачно со температура за 6 до 8 степени пониска во споредба со вчерашната и со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 литри на квадратен метар воден талог. […]

Расправата за Законот за минимална плата продолжува утре


 Собранието попладнево расправаше за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари. Расправата по овој Предлог на закон продолжува утре во 12 часот. Пратениците од опозициските партии на собраниската говорница истакнаа дека жалат што мнозинството не ги прифатила нивните амандмани за подобрување на […]

До крајов на неделава првични податоци од скринингот за имунитет на граѓаните во Скопје


 Серолошкиот скрининг на граѓани по случаен избори за испитување антитела е се уште во тек. Заклучно до денеска се собрани 800 примероци од жители на Скопје и 200 примероци од жители на Битола. До крајот на неделава се очекуваат првични податоци за серопреваленца во Скопје, а од следната недела и за другите градови од државата, […]

Нов случај на птичји грип кај дива птица


Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево ги доби резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со кои кај мостра од дива птица – корморан од Штипско, е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип). За утврдување на поттипот на сој на вирусот, кој не е детектиран на […]

Бројот на новозаболени падна на 234, но починаа уште 17 лица


Силината на Омикрон бранот изгледа полека стивнува затоа што во последните 24 часа се регистрани само 234 нови случаи на Ковид-19.  Ваква ниска бројка немало многу одамна, но дел од причините за неа лежи и во тоа што вчера беше недела.  Направени се 1.318 тестови, што изнесува 17,7 проценти од примероците. Регистрирани се вкупно 17 […]

Целосно обновено осветлувањето на паркингот под Транспортен центар


Екипи на Град Скопје викендов целосно го обновија осветлувањето на паркингот под Транспортен центар во делот кај поштата, како и осветлувањето на сервисната улица на тој потег. На овој простор, старите и расипани светилки се заменети со 30 нови светилки, од кои 22 на паркингот, а осум на сервисната улица.    На овој потег осветлувањето […]

Поставен автоклав за медицински отпад во „Дрисла“


Медицинскиот отпад како посебен отпад бара посебен третман,а за таа цел, денеска во депонијата „Дрисла“ беше пуштен во употреба нов стерилизатро – автоклав. – Со новопристигнатиот стерилизатор, односно автоклав, кој е иновативен систем, целосно автоматизиран од познатата италијанска марка ЦИСА, „Дрисла“ станува современа депонија. Автоклавот ги задоволува дневните потреби на депонијата. Системот е опремен со […]

Арсовска не знае, ниту ја интересира каков договор бил потпишан за подземни гаражи низ Чаир, таа ќе гради монтажни


  Изградбата на монтажни катни паркиралишта во Чаир е дел од програмата на скопската градоначалничка Данела Арсовска, која не знае и не ја интересира што ветувале или правеле нејзините претходници.  Имено, денеска на прес-конференција во „Дрисла“ градоначалничката беше прашана дали овие монтажни паркинзи се истите оние за кои беше потпишан договор меѓу поранешниот градоначалник на […]

Утре постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места од снег


Под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува засилен северен ветер (на места над 60км/ч), кој ќе се задржи до четврток, а температурата ќе се намали за […]