Одбележување на Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел


Фото: Б. Грданоски

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало, со палење на шест меморијални свеќи и отворање на изложбата „Роденденски честитки за сите непрославени родендени“, како дел од проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“, денеска ќе се одбележи Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел.

– Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ќе го одбележат Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел кој што се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот, соопштија од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.