Петровска на средба со Донфрид, Брнз и Ескобар
Помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид во рамки на посетата на земјава денеска ќе се сретне и со министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Како што е најавено, на состанокот во Министерството за одбрана ќе присуствуваат и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз и заменик помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски работи во американскиот Стејт департмент Габриел Ескобар.